Кулишта (Куратица)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кулишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Куратица. Претставува утврдена населба од доцната антика.
Помеѓу третиот и четвртиот километар покрај патот Прентов Мост - Куратица (околу 1,5 км јужно од селото) се издига висок рид со зарамнет врв, издолжен во правец север-југ и со површина од 150 × 200 м. По рабовите на платото се забележуваат остатоци од темели на бедем граден од обработен и кршен камен врзан со варов малтер, а во неговата внатрешност темели од помали градби. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси.
Според кажувањето на жителите, биле наоѓани монети кои на едната страна ги имале буквите „М“ и „К“.[1]
Remove ads
Поврзано
- Горно Село — средновековна црква и некропола
- Манастириште — средновековна црква
- Трно Селиште - Аноите — средновековна населба
- Ќуле - Градиште — средновековна кула
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads