Курасао

From Wikipedia, the free encyclopedia

Курасао
Remove ads

Курасао (холандски: Curaçao, папименто: Kòrsou) е остров во јужниот дел на Карипското Море, во близина на венецуелскиот брег. Островот Курасао, заедно со малиот ненаселен остров Мал Курасао, ја сочинуваат Земјата Курасао која е уставна држава во рамките на Кралството Холандија. Главен град на Курасао е Вилемстад.

Кратки факти Земја Курасао Land Curaçao (холандски)Pais Kòrsou Неважечки јазичен код., Службен јазик ...

Курасао е најголем и најнаселен остров од трите острови на поранешните Холандски Антили, често наречени острови ABC. Вкупната површина на Курасао изнесува 444 км2, каде живеат околу 141.766 жители.[1] До распадот на Холандските Антили, островот бил познат под името Островска Територија Курасао.

Remove ads

Етимологија

Потеклото на името Курасао е оспорено и не е јасно. Португалците и Шпанците тврдат дека името потекнува од португалскиот збор „curação“ што значи „излечен“ и се однесува на излечување од болеста скорбут со која биле за заболени португалските морепловци. Имено, приказната за потеклото на името наведува дека португалските морепловци биле излечени од скорбут кога пристигнале на Курасао, најверојатно преку јадење локално овошје. Тогаш островот бил познат како „Остров на излекувањето“ или „Ilha da Curação“. Втората теза за потеклото на името е дека името потекнува од португалскиот збор „coração“ што значи „срце“, кое се однесува на местоположбата на острвот „во срцето“ на трговијата. Шпанците го прифатиле името како Курасао, а истото го сториле и Холанѓаните. Третата теза е дека името потекнува од месното население. Оваа теза е поддржана од раните шпанци записи за Карибите.

Remove ads

Галерија

Thumb
Поглед кон Вилемстад.
Thumb
Handelskade in Willemstad, Curaçao

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads