Куцуфљани

From Wikipedia, the free encyclopedia

Куцуфљаниmap
Remove ads

Куцуфљани (грчки: Άγιος Παύλος, Агиос Павлос; до 1928 година: Κουτσούφλιανη, Куцуфљани[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Куцуфљани Άγιος Παύλος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 15 километри северозападно од градот Негуш, на надморска височина од 1.250 метри.[3]

Сместено е високо на североисточните падини на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).

Историја

И ова село до 1822 година, кога се распаднало поради неговото учество во Негушкото востание, било населено исклучително со македонско население. Долго време не било обновено, но повремено се користело од влашките сточарски семејства, кои летно време ги паселе своите стада во ова подрачје.[3]

Селото било обновено по Првата светска војна, во 1924 година, кога тука биле сместени неколку бегалски семејства од Понд.[3] Во 1928 година, Куцуфљани претставувало мешана населба со 14 бегалски семејства со вкупно 76 жители.[4].

Во 1928 година, името на селото било променето во Агиос Павлос (Άγιος Παύλος; во буквален превод „Свети Павле“).[5]

Повторно се распаднало за време на Втората светска војна бидејќи било жариште на борби и воени операции. По завршувањето на војната не било обновено. Неговите малобројни жители се преселиле во градот Негуш, но повремено ги користат своите имоти, поради што во поновите пописи е регистрирано без жители. Сепак, во последните години е обновено.[3]

Remove ads

Стопанство

Селаните, како и иселениците кои повремено го посетуваат, главно ги користат своите имоти за ситно земјоделство.[3]

Население

Обновеното село, првпат се појавува во пописот од 1928 година, како чиста бегалска населба, кога бројот на жители изнесувал 44, а во 1940 година 67 жители. По Втората светска војна, селото повторно се распаднало и само повремено е посетувано од страна на некогашните жители, кои се преселиле во градот Негуш. Бидејќи селото не било обновено, во подоцнежните пописи било забележано како населба без жители, но во последните години некои од нив започнале да се враќаат и да го обновуваат. Во пописот од 1991 година биле забележани 78 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 8 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 4 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голема Река, во кој покрај селото Куцуфљани влегуваат и селата Голема Река и Држилово.

Личности

Родени во Куцуфљани
  • Василиос Хаџијоанидис (1940-1913) — грчки политичар

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads