Куќа на Калајџиевци (Вевчани)

куќа и споменик на културата во Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia

Куќа на Калајџиевци (Вевчани)map
Remove ads

Куќа на Калајџиевцистароградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1]

Кратки факти Куќа на Калајџиевци, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Куќата е сместена во некогашниот стар дел на селото Вевчани, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“. Семејството Калајџиески, кои биле надалеку познати трговци, на ова место имале дуќан за газија, јамболлии и храна.

Историја

При крајот на XIX век настанал пожар во кој изгорела куќата и настрадале членови на семејството Калајџиески сакајќи да спасат дел од покуќнината. Поради популарноста на семејството, Турците парично ги помогнале да ја изградат куќата повторно на истата основа.

За време на НОБ, куќата била користена за криење на партизаните и за одржување на тајни состаноци.

Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.[2]

Remove ads

Архитектура

Куќата на Калајџиевци претставува висока куќа со тесен фронт, простран челно поставен чардак и јасно издифиренциран летен стан во катот од лесна бондрук конструкција и зимски стан во масивен меѓукат.[3]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads