Куќа на Калајџиевци (Вевчани)
куќа и споменик на културата во Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Куќа на Калајџиевци — староградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Куќата е сместена во некогашниот стар дел на селото Вевчани, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“. Семејството Калајџиески, кои биле надалеку познати трговци, на ова место имале дуќан за газија, јамболлии и храна.
Историја
При крајот на XIX век настанал пожар во кој изгорела куќата и настрадале членови на семејството Калајџиески сакајќи да спасат дел од покуќнината. Поради популарноста на семејството, Турците парично ги помогнале да ја изградат куќата повторно на истата основа.
За време на НОБ, куќата била користена за криење на партизаните и за одржување на тајни состаноци.
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.[2]
Remove ads
Архитектура
Куќата на Калајџиевци претставува висока куќа со тесен фронт, простран челно поставен чардак и јасно издифиренциран летен стан во катот од лесна бондрук конструкција и зимски стан во масивен меѓукат.[3]
Галерија
- Поглед кон куќата, од север, 2018 година
- Поглед на куќата, од исток, 2018 година
- Куќата во 2023 година
- Куќата во 2023 година
- Предниот дел на куќата и чардакот во 2023 година
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads