К’шлар

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

К’шларmap
Remove ads

К’шлар или К’салар (грчки: Αχλαδοχώρι, Ахладохори; до 1926 г. Κιοσαλάρ, Ќосалар или Κισσαλάρ; Кисалар[2], до 1955 г. Μανδαραί, Мандаре[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 404 жители (2011).

Кратки факти К’шлар Αχλαδοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Солунското Поле, во подножјето на планината Пајак. Се наоѓа на 13 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

Во Отоманското Царство

На почетокот на XX век К’шлар е забележано како етнички мешано село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. К’шларъ (К’салар) броел 450 Турци и 60 Македонци.[4][5] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 100 турски и 9 македонски куќи.[6]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 511 жители, а во 1920 г. имало 526 лица.[6] Турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а малубројните Македонци се прибрале по околните македонски села.[6] На нивно место властите довеле грчки колонисти од галиполските села Вајро (Баирќој) и Пергаз (Дегирмендузу).[7] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско, со 596 жители од 136 семејства.[8]

Во 1940 г. селото достигнало 655 жители. По еден повраток, бројноста подоцна опаднала.[6]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото е полупланинско и релативно пасивно. Главни производи се житото, тутунот, сусамот, детелината и др. Делумно е застапено и сточарството.[6]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads