Пајак (планина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пајак (планина)map
Remove ads

Пајак (грчки: Πάικο, Пајко; стар облик: Πάϊακ) — планина во средишниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција.[1][2] Таа е последната и најјужната планина на десната страна од течението на реката Вардар и се наоѓа во областа позната како Бојмија.[3]

Thumb
Гандач од Горно Родиво
Thumb
Пајак, на исток и на југ Солунското Поле, на запад — котлината Меглен, на север границата меѓу Грција и Р Македонија (со жолто).
Кратки факти Пајак, Највисока точка ...

Планината се наоѓа во средишниот дел на Егејска Македонија и по неа минува границата меѓу општините Пајонија (на исток), Меглен (на запад) и Постол на југ, сите во управната област Централна Македонија. Во источното подножје на Пајак се градовите Гуменџе и Бојмица, во јужното е Пазар, а во западното е областа Меглен. Планината се состои од две карактеристични образби — Гандач (Κοκκινόπετρας, Γκαντάτς) на север и Поглед или Гола Чука (Πόγλετ, Γκόλα Τσούκα) на југ. Двете образби ги двои котлината на Голема Ливада и Црна Река. Река Грамоштица, која тече на југ и е притока на Колудеј, го двои Поглед на исток од помалиот масив Метеризи на запад.[1]

Највисок врв е Вртук (Фидота) со 1.660 м, сместен на северниот масив Гандач. Често како највисок се посочува Гола Чука во јужниот дел, кој е висок 1.650 м. Грешката доаѓа оттаму што на некои карти само јужниот масив е означен како Пајак.[1] На Гандач, во 1903 година, се водела една од најтешките битки со турскиот аскер во која погинале 180 турски војници, додека четите на Апостол Петков Терзиев и Иван Карасулијата имале мали загуби. Овој настан е опеан во песната „Малихерии пукаа“.[4]

Карпите на планината са вулкански и варовнички. Планината е обрасната со бука, даб, костен, бреза, габер и други видови дрва, и е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1240003).[1]

Јужно од врвот Гола Чука, на 1.300 м.н.в., во месноста Извор, има мал планинарски дом со шест легла. Оддалечен е три часа од Елевтерохори (или 19 км по козја патека). До домот, на висина од 1.280 м е старото полусрушено планинско засолниште.[5]

До највисокиот врв се стасува од селото Голема Ливада (1.200 м) за околу четири часа, а до врвот Гола Чука од Елевтерохори (500 м) за околу 3,5 часа (од планинарскиот дом за едне час).[5] За искачување на Гола Чука најчесто се користи патеката која зпаочнува во близина на селото Баровица (Кастанери) при што дел од патеката е поплочен со калдрма, како остаток од патот изграден од француската војска за време на Првата светска војна.[6]

Европската патека на долги растојанија E6 оди Фуштани (300 м) и Ошин (820 м) и ја пресекува месноста меѓу Пајак и масивот на Љумница, па завршува кај Љумница (570 м), за да продолжи на исток за Бојмица и Ругуновец.[5]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads