Лав Троцки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лав Троцки
Remove ads

Лав Давидович Троцки (руски: Лев Давидович Троцкий) (7 ноември 1879 21 август 1940 ), роден Лав Давидович Бронштајн (руски: Лев Давидович Бронштейн) — руски болшевички комунистички водач и марксистички теоретичар. Пред револуцијата од 1917 г. Троцки бил противник на Владимир Илич Ленин и на неговото крило во руската социјалдемократија, но оттогаш тој и неговите приврзаници влегуваат во редовите на Лениновата партија. Троцки станува еден од водачите на Октомвриската револуција и на повоената изградба на Советска Русија. По смртта на Ленин е еден од најсериозните кандидати за негов наследник, но како негов наследник станува Јосиф Сталин. Троцки, како член на Левата опозиција, заради својата опозиција кон Сталин бидува деградиран и протеран, прво во советскиот дел на Средна Азија, а потоа и во странство. Убиен е во Мексико од страна на советскиот атентатор Рамон Меркадер кој се инфилтрира во Троцкиевата непосредна околина.

Thumb
Лав Троцки

Денес неговите теории и идеи се обединети во едно учење - троцкизам, што е една гранка на марксизмот и е сосема спротивно на сталинизмот.

Thumb
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads