Лапарница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лапарница (или Лапарник, некаде и погрешно именувана како Орле) — пештера која се наоѓа во областа Порече, во близина на селото Белица.
Одлики
Должината на пештерата изнесува 88 м, a вкупната должина, заедно со сите споредни канали, достигнува 107,8 м. По целата нејзина должина и по страничните канали присутни се пештерски украси, претставени со: сталактити, сталагмити, драперии, травертински басенчиња исполнети со вода и др. Според категоризацијата на пештерите во Македонија, оваа пештера спаѓа во групата на забележителни пештери.[1]
Лилјаците од Лапарник

Во пештерата Лапарник лилјаците се среќаваат во текот на целата година. Пештерата е особено значајна поради присуството на голема колонија од видот јужен потковичар (Rhinolophus euriale) кои ја користат за презимување, размножување и засолниште. Исто така се среќаваат и мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) и долгокрилест лилјак (Miniopterus schreibersii).[2]
Спелеолошки парк
До Министерството за екологија од страна на спелеолошкото друштво „Пеони“ било поднесено барање местото Белица да биде прогласено за спелеолошки парк. Барањето се однесувало на три пештери од овој реон и тоа: Голубарница, Лапарница и Момичек, кои треба да бидат заштитени со законот за природни реткости и убавини.
Remove ads
Галерија
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Облици во внатрешноста на пештерата
- Отворот на пештерата Лапарница
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads