Лариса (месечина)
месечина на Нептун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лариса (или Нептун VII) — внатрешна месечина на Нептун. Наречена е по нимфата Лариса, љубовница Посејдон (Нептун) во старогрчката митологија и истоименичка на градот во Тесалија.
Remove ads
Откривање
Телото е откриено на 24 мај 1981 г. од екипа составена од Харолд Рејтсема, Вилијам Хабард, Лери Лебофски и Дејвид Толен при случајни набљудувања на ѕвезденото прикривање.[9] Месечината ја добила привремената ознака S/1981 N 1, а откритието е објавено на 29 мај истата година.[10] Леталото „Војаџер 2“ во 1989 г. повторно ја забележало месечината, од што се видело дека таа е единственото тело во нејзината орбита,[11] по што ја добила дополнителната ознака S/1989 N 2 на 2 август 1989 г.[12] Од соопштението Стивен Синот може да се заклучи дека забележувањето се случило некаде пред 28 јули. Трајното име го добила на 16 септември 1991 г.[13]
Remove ads
Особености
Лариса е четврта по големина меѓу Нептуновите месечини и има неправилен (несферен) облик покриен со кратери, без траги од геолошка изменетост. Веројатно е дека таа, како другите месечини повнатре од Тритон, е збировит отпад составен од парчиња од првобитните Нептунови месечини, кои се судриле поради растројувања од Тритон наскоро по нејзиниот зафат во многу занесена првична орбита.[14]
Месечината има речиси кружна орбита и лежи под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, така што таа бавно се врти навнатре под дејство на плимно забавување и со време може да се судри со планетата или да се распарчи во планетарен прстен откако ќе ја премине својата Рошова граница под дејство на плимно растегнување, слично како судбината на Тритон.
Remove ads
Истражување

Телото е посетено еднаш, од леталото „Војаџер 2“.[15] Сондата направила фотографии на кои се гледаат многуте кратери на површината.
Белешки
- Површинската гравитација изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот: Gm/r2.
- Втората космичка брзина изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: √2Gm/r.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads