Лауерс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лауерсmap
Remove ads

Лауерс (западнофризиски и холандски: Lauwers) е река во Холандија што образува дел од границата помеѓу покраините Фризија и Гронинген. Од 730-тите до поразот на војводата Видукинд во 785 г. реката ја исцртувала границата на Саксонија со Франкиското Царство.

Thumb
Течението на Лауерс во Холандија

Реката извира како мал поток кај селото Сурхејстервен. По реката е наречено вештачкото Лауерско Езеро (Lauwersmeer), кое порано било природно и се нарекувало Lauwerszee. Недалеку од Геркесклостер/Стробос го пресекува каналот „Принцеза Маргарита“.

Лауерс станува вистинска река во подолното течение, откако ќе ја прими притоката Стар Варт (Oude Vaart) кај Схалкендам. Во подолниот тек се разгранува на два ракава: фризискиот Стар Лауерс (Oude Lauwers) и Зејлдип, во покраината Гронинген.

На крајот од течението, Лауерс се влева во Ваденското Море во теснецот помеѓу островите Схирмониког и Ротумерог, кој може да е смета и за продолжеток на самата река.

Remove ads

Галерија

53°15′24″N 6°14′0″E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads