Леонтиј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Леонтиј (грчки: Λεόντιος, латински: LEONTIVS), (роден во Исаврија - 15 февруари 705 во Цариград) бил византиски цар кој владеел во периодот од 695 до 698 година. На власт дошол по успешниот заговор против неговиот претходник Јустинијан II Ринотмет, но исто преку нереди и заговори бил и тој соборен од престолот.
Remove ads
Рани години
Леонтиј потекнува од Исаврија[2]. Во времето на Константин IV Погонат[2] бил стратег на тема Анадолија[3]. Во времето на Јустинијан II учествувал во воени походи против Арапите на калифот Абд ал-Малик (685-705). Во 686 година предводената од патрициј Леонтиј византиска армија го победила противникот во Ерменија и Грузија и достигнал до Кавкаска Албанија[2][3]. По византискиот пораз кај Севастополис во 692 година[1] и преминот на голем број словенски контингенти на арапска земја, Леонтиј паднал во немилост пред царот, кој наредил да го уапсат. Во 695 година Леонтиј е рехабилитиран и му било доверено управувањето на тема Елада[3][4].
Remove ads
Цар
Поранешниот стратег Леонтиј го зазел управувањето на земјата како резултат на удар. На крајот на 695 година со поддршка на партијата на "Сините" и на патријархот Калиник I Цариградски, Леонтиј бил прогласен за василевс[3][4]. Соборениот Јустинијан II бил казнет со пресекување на носот и заточение во Херсон.
Краткото управување на Леонтиј било запаметено со лоша борба против надворешните непријатели. Од територијата на империјата била одземена Лазика. Арапите извршиле успешни напади во Мала Азија и Латинска Африка. Доколку нивниот прв напад во насока кон Картагина бил одбиен од Византијците, тогаш вториот успеал да ја постигне својата цел.
Во 697 година Леонтиј ја испратил византиската флота чело со патрициј Јован да помогне на опколената од Арапите Картагина. Но овие акции на напаѓање преку копно и море се покажале како неуспешни. Како резултат на тоа, во 698 година Византија ја изубила Картагена[5], последната територија во Африка.
По поразот, византискиот флота се повлекла кон островот Крит со цел да се прегрупира[6]. Таму дел од командантите плашејќи се од царскиот гнев, решиле да го соборат Леонтиј. Откако го отстраниле патрициј Јован, тие го назначиле Тибериј, упраителот на тема Кивириотон за цар[7]. Благодарение на поддршката од страна на партијата на "зелените"[8], тој лесно успеал да влезе во Цариград.
Така, Леонтиј бил соборен од престолот а Тибериј крунисан за нов цар. По негова наредба на Леонтиј му бил отсечен носот и заточен во манастир[3]. По новото доаѓање на власт на Јустинијан II во 705 година, Леонтиј бил погубен на хиподромот заедно со Тибериј[9].
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads