Лере (Долна Саксонија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лере (германски: Lehre) — општина во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 13 километри југозападно од Волфсбург и околу 12 километри од Брауншвајг.[2]
За други истоимени места, погледајте Лере.
Своето име, општината го добила на 10 јуни 888 година[3] и е составена од осум околни села: Бајенроде, Есехоф, Есенроде, Флехторф, Грос Брунсроде, Клајн Брунсроде, Лере и Вендхаузен.[4]
Remove ads
Географија
Соседни општини
Лере се граничи со следниве градови и општини (надесно почнувајќи од север):
Општински единици

Историја

Во 1934 година започнала изградбата на воениот институт во шумата Кампшти, 2,4 километри источно од Лере. Биле изградени повеќе од 100 објекти на површина од 255 хектари и биле поврзани со железница. Институтот произведувал муниција за пешадиско оружје, антитенковски мини, оклопи за тенкови и артилериски пушки. До февруари 1945 година биле пренесени 6.000 тони хемиско оружје до институтот. Не бил бомбардиран во текот на Втората светска војна и до крајот на војната, повеќето од овие оружја останале на местото. Во 1945 година, во шумата имало и руски воени заробеници. На 11 април 1945 година, областа била ослободена од американската војска и воениот институт бил окупиран без отпор. Во средината на 1945 година, областа била предадена на британската војска, кои имале присуство до 1951 година. Денес, многу од првичните градби сѐ уште постојат и некои се во употреба.[5]
Remove ads
Сообраќај
Патен
Лере се наоѓа на покраинскиот пат Л295, кој обезбедува пристап со автопатот А2 и А39.
Железнички
Железничкиот сообраќај во Лере започнал во 1904 година, поврзувајќи го Брауншвајг со Фалерслебен. Оваа линија официјално била укината во 1998 година по отворањето на кругот Ведел, кој ги поврзува Волфсбург и Брауншвајг, одминувајќи го Лере.
Знаменитости

- Зоолошка градина Есехоф
- Дворец Есенроде — дворец изграден во доцен барокен стил во 1738 година
- Црква „Св. Крст“ — историска црква од XIII век во Лере
- Замок Вендхаузен — воден замок од XVII век[6]
- Ветерница Вендхаузен — голема ветерница во холандски стил
Познати луѓе
- Карл Август фон Харденберг (1750–1822) — поранешен премиер на Прусија
- Ханс (гроф од Билов) (1774-1825) — поранешен пруски политичар
- Еберхард Хаун (1949-1976) — фудбалер
- Август Херман (1835–1906) — спортски едукатор
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads