Мајне
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мајне (германски: Meine) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Папентајх.
Remove ads
Географија
Местоположба
Мајне се наоѓа во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија на патот од Брауншвајг кон Линебуршкото Поле. Низ општината поминува Средногерманскиот Канал.
Соседни општини
Општината Мајне на југ се граничи со градот Брауншвајг. Други соседни општини се Ретгесбител, Фордорф, Изенбител, Васбител, Калберла (сите во округот Гифхорн) и Лере (округ Хелмштет). Градовите Брауншвајг, Гифхорн и Волфсбург се оддалечени околу 10 километри од Мајне.
Општински единици
Општината е составена од местата Мајне, Абесбител, Бехтсбител, Веделхајне, Ведесбител, Грасел, Графенхорст и Онхорст, како и населбите Мајнхолц и Мартинсбител.
Remove ads
Историја
Првото спомнување во документи на Мајне било во 1007 година. Порано селото било познато како Мајнум (Meynum). Се смета дека Мајне е многу постаро и дека е подигнато за време на Саските војни од трупите на Карло Велики. Од XI век, Мајне бил пограничен град помеѓу Бискупијата Хилдесхајм и Бискупијата Халберштат.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads