Кремлинген

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кремлинген
Remove ads

Кремлинген (германски: Cremlingen) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со Лере, Кенигслутер, Зикте и Брауншвајг. Делови од општината се наоѓаат на ридскиот масив Елм.

Кратки факти Земја, Местоположба на Кремлинген во рамките на округот Волфенбител ...
Remove ads

Географија

Општината се наоѓа помеѓу Северногерманската Низина и средногерманските ридови.

Општински единици

Кремлинген настанал во 1974 година со спојување на поранешните општини:

  • Абенроде (500 жит.)
  • Кремлинген (2.651 жит.)
  • Дештет (1.512 жит.)
  • Гардесен (585 жит.)
  • Хемкенроде (384 жит.)
  • Хордорф (1.105 жит.)
  • Клајн Шепенштет (701 жит.)
  • Шандела (2.284 жит.)
  • Шуленроде (282 жит.)
  • Ведел (3076 жит.)

бројот на жители од 1 јануари 2016

Remove ads

Историја

Thumb
Камена плоча на местото на поранешниот концентрациски камп

Од 8 мај 1944 до 12 април 1945 година постоел концентрациски камп.[2] Кампот бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.

До укинувањето во 1974 година, некогашните општини припоени во Кремлинген биле дел од округот Брауншвајг.

Сообраќај

Општината има две железнички станици во местата Шандела и Ведел на железничката линија од Брауншвајг до Магдебург; Ведел е опслужуван и од возовите кон Волфсбург.

Сојузниот автопат 1 поминува низ општината, а од крајот на септември 2006 година, Кремлинген има врска до сојузниот автопат 39, кој нуди врски до Волфсбург и Брауншвајг.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads