Лете
древномакедонски град кај Солун, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лете — древномакедонски град во областа Мигдонија, денес во Солунско, Егејска Македонија.
Remove ads
Географија

Градот се наоѓал во преминот Дервент меѓу Лагадинското и Солунското Поле, низ кој денес минува магистралата „Егнатија“. Малку посеверно е македонското село Ајватово, кое во 1926 г. е преименувано во Лити согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[1] Непосредно до наоѓалиштето новото село Антуполи (Антокипи) создадено од доселени Грци.
Remove ads
Историја
Градот е познат од монети и натписи, и споменат како Λήτη или Λητή е од Птоломеј (III, xiii), Плиниј Помладиот (IV, x, 17), Валериј Харпократион, Стефан Византиски во антиката, како и византиската енциклопедија „Суда“ и Никифор Вриениј (IV, xix) во средновековието.[2]
Лете се појавува во некои доцни Епархиски списоци (Notitiae Episcopatuum) како викаријат на солунската католичка архиепископија. До XVIII век бил седиште на православна епископија,[2] а во Римокатоличката црква е титуларна епархија.[3]
Remove ads
Ископувања
Мошне забележителна ископина од стариот град е некрополата, сместена крај магистралата „Егнаитја“, во која се најдени познатиот Дервентски папирус и Дервентскиот кратер. Ископани се Гробницата на Макриди-бег (Лагадинска гробница), Гробницата Г, Гробницата III, Карпестата коморна гробница, како и низа гробови од типот циста.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads