Егнатија
автопат во Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Егнатија (грчки: Εγνατία Οδός, Егнатија Одос; ознака: А2) — автопат во Грција, дел од Европскиот пат Е90. Се протега во должина од 670 км, од Игуменица на запад до грчко-турската граница кај Бахчеќој (Кипи) на исток. Овој голем изградбен зафат започнал во 1994 и конечно завршил во 2009 г. со вкупна цена на чинење од 5,93 милијарди евра.[1] Со проектот раководело претпријатието „Егнатија одос“ А.Д.
- За римскиот пат со вакво име, погл. Вија Егнација.
Remove ads
Име
Автопатот, инаку познат како А2, е наречен по познатиот римски пат Вија Егнација (на грч. Егнатија Одос) поради приближнот освоаѓање на нивното движње во делницата од Марица до Солун во должина од 360 км. Сепак, стариот римски пат е многу подолг (1 120 км), протегајќи се од Драч во денешна Албанија преку Солун, па сè до Цариград во денешна Турција.
Географија
Правецот минува преку планинските предели на Епир и Егејска Македонија како што се венците Пинд и Каракамен (Вермио), што претставувало голем предизвик за градителите. Автопатот има вкупно 76 тунели и 1 650 мостови, напреден систем за надзор, осветлување, сударни ублажувачи и тунелско проветрување.[2]
Автопатот ги има следниве одлики:
- Опфат: од пристаништето Игуменица, Теспротија до граничниот премин Бахчеќој (Кипи) на реката Марица во Тракија
- Должина: 670 километри
- Минува низ окрузите: Теспротија – Јанина – Гребен – Кожани – Иматија – Солун – Кавала – Скеча – Родопи – Марица.
- Поврзан со девет главни оски кои ги поврзуваат соседните земји на север (Албанија, Р Македонија, Бугарија, Турција).
- Минува низ поважните градови: Игуменица – Јанина – Мечово – Гребен – Кожани – Бер – Солун – Кавала – Скеча – Ѓумурџина – Дедеагач
- Ги поврзува пристаништата: Игуменица – Солун – Кавала – Дедеагач
- Ги поврзува аеродромите: Јанина – Костур – Кожани – Солун – Кавала – Дедеагач
- Технички особености: по две сообраќајни ленти по правец, разделна лента по средината и принудна лента од десно.
- Опслужуваните подрачја ги опфаќаат:
- 36 % од населението во државата
- 33 % од БДП во државата
- Во основните дејности: 54 % од обработливотото и 65 % од наводнуваното земјиште во државата
- Во производните дејности: 41 % од индустриската дејност во државата
- 51 % од рударството во државата.
Покрај главниот правец, постојат и напречни патишта кои го поврзуваат со другите градови и аеродроми во Егејска Македонија. Иако е завршен во 2009 г., последниот зафат на правецот е направен во 2014 г. со изградбата на последниот мост.[3]
Remove ads
Населени места
Ова се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од исток кон запад:[4]
- Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[5]
Remove ads
Галерија
Поврзано
- Вија Егнација
- Автопатишта во Грција
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads