Лисолај

село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

Лисолајmap
Remove ads

Лисолај — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Српски извештај за колежот во село Лисолај од страна на една грчка чета како освета што населението преминало во „егзархиско“. (Битола, 4 јуни 1906)

Лисолај припаѓа на таканаречениот Пелагониски Регион, во географската област Пелагонија и подножјето на планината Древеник, на 17 километри северно од градот Битола. Селото е ридско, на надморска височина од 746 метри. На сретсело се наоѓа основното училиште кое го носи името на познатиот војвода од овој крај Александар Турунџев. Над самата населба е црквата Св. Петка која е од XIX век и е типичен пример на македонското црковно градителство од тој период. Во селото се живее од земјоделство и сточарство. Лисолај надалеку е познатo по најубавото грозје од овој регион.

Remove ads

Историја

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лисолај живееле 340 жители, сите Македонци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Лисолај се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 45 куќи.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лисолај имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото Лисолај брои 225 жители[7], од кои 224 се Македонци и еден е вброен во останатите националности.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 163 жители, од кои 153 Македонци и 10 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Лисолај е македонско село.

Родови во селото се:

  • Доселеници: Ѓуровци (3 куќи) најстар род во селото, доселени се од селото Древеник; Миленковци (6 куќи), Марковци (5 куќи), Димовци (4 куќи), Поповци (4 куќи), Стојчевци (4 куќи), Кочанковци (4 куќи), Петревци (3 куќи), Димитриовци (3 куќи), Василиновци (3 куќи), Огњановци (3 куќи), Јанкуловци (1 куќа), Матовци (1 куќа), Мојановци (3 куќи), Чурлиновци (3 куќи), Јоановци (2 куќи), Кочовци (2 куќи), Јовчевци (14 куќи), Богатиновци (3 куќи), Ацковци (4 куќи), Стојановци (4 куќи) и Наумчевци (6 куќи). Сите овие родови се доселени со непозната старина.[13]
Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 204 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Цркви[16]
  • Црква „Св. Петка“ — главната селска црква;
  • Црква „Архангел Михаил“ — главната црква на Лисолајскиот манастир;
  • Црква „Св. Спас“ — поранешна гробјанска црква. Се наоѓа над селото, денес запуштена во урнатини;
Археолошки наоѓалишта

Во селото Лисолај има „стапки“ од коњот на народниот херој Крали Марко.

Редовни настани

Личности

  • Димитрија Марковски (1923-2000) - партизан, учесник во НОБ;
  • Јован (Јон) Лисолаецот - револуционер, битолски реонски војвода;[19][20]
  • Миле Секуловски (р. 1926) - најстар македонски радиоаматер;[21]
  • Ѓорѓија Стојчевски (1922 - 1945) - партизан, учесник во НОБ;
  • Борко Марковски роден 1957 година - Генерал на Полиција на Македонија;

Култура и спорт

Во Лисолај има 2 фудбалски тима ф.к.Лисолај и ф.к.Лисолај 2010 подобро рангиран е ф.к.Лисолај 2010 кој 2 пати со ред играше регионално финале од општинските лиги.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads