Лозаново (Ениџевардарско)
село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лозаново (грчки: Παλαίφυτο, Палефито; до 1927 г. Λοζάνοβο, Лозаново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.388 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Турци.[3]
За други истоимени места, погледајте Лозаново.
Remove ads
Географија
Селото е сместено во Солунското Поле, 3 км северно од Кадиново и околу 15 км западно од Ениџе Вардар (Пазар).[3]
Историја
Во Отоманското Царство
На почетокот на XX век Лозаново било село во Ениџевардарска. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лозаново броело 120 Македонци и 150 Турци.[4][5]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лозаново (Lozanovo) имало 64 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).[6] Српскиот географ Боривое Милоевиќ забележал дека во периодот пред Балканските војни селото имало 4 македонски и 24 муслимански куќи. Ова се должи на фактот што највеќето македонски семејства го напуштиле селото пред војните.[3]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 168 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 202.[3] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени малоазиски Грци од Кидија кај Бурса, а во 1924 г. и од источнотракиски Грци од селото Петрохори кај Чаталџа.[7] Така, Лозаново станало чисто дојденско село во кео останале само две македонски семејства.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во на Палефито. Според пописот од 1928 г. во селото живееле 816 лица,[3] од кои 759 жители (213 семејства) биле грчки дојденци.[8]
Во 1940 г. Лозаново броело 1.412 жители. Според статистиката на НОФ во 1947 г. во селото останале само 7 Македонци. Во 1951 г. е забележано намалување на 1.227 лица, веројатно поради војните. Во следните десетлетија населението почнало да расте поради поволните услови.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Бидејќи лежи во поле и највеќето земја се наводнува, селото се смета за мошне богато. Најважни производи се овошјето (јаболка, праски, круши), памукот, бостанот, детелината, пченицата и др. Развиено е и краварството.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads