Лопово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лопово — поранешно село во Светиврачко, Пиринска Македонија, на територијата на денешната општина Свети Врач на Благоевградската област, Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Лопово се наоѓало на западните падини од Пирин Планина, на надморска висонича од 1.480 метри. Од градот Свети Врач било оддалечено 17 километри североисточно.
Историја
Во XIX век Лопово било влашко село во Мелничката каза на Серскиот Санџак. Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал: „На север од Мелник, во планината Алабурун, влашките села Буждова и Лупова имаат 300 колиби.“[1]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Лопово имало 200 жители Власи.[2]
Според спомените на Јане Сандански, во 1902 г. во селото функционирал местен комитет на ВМРО под раководство на Васил Инџето.[3]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лопово (Lopovo) имало 630 Власи.[4]
На 1–2 септември 1924 г. во Лопово е оддржан конгрес на Серскиот револуционерен округ.
Remove ads
Личности
Починати во Лопово
- Тодор Александров (1881–1924) — револуционер и водач на ВМРО, убиен во близина на селото Лопово;
- Крсто Захариев (1860–1899) — ајдутин и револуционер, убиен исто така во близина на ова село;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads