Лорик Цана

албански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Лорик Цана
Remove ads

Лорик Агим Цана (27 јули 1983 во Приштина) — поранешен албански професионален фудбалер кој во кариерата настапувал за екипите на Пари Сен Жермен, Олимпик Марсеј, Сандерленд, Галатасарај, Лацио, Нант, и фудбалската репрезентација на Албанија. Цана со своите 93 настапи во националниот дрес важи за фудбалерот со најмногу настапи за албанската репрезентација. Неговата репрезентативна кариера траела од 2003 до неговото пензионирање во 2016. Цана бил капитен на Албанија на нејзиното прво големо натпреварување, Европското првенство во фудбал 2016 одржано во Франција.

Кратки факти Лорик Цана, Лични податоци ...

Цана играл во најквалитетните фудбалски првенства во Франција, Англија, Италија, и Турција, туку вклучувајќи ги и фудбалските соперници Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј на почетокот на неговата кариера. На свои 16 години бил поканет на проба во Арсенал, но не заминал бидејќи му било одбиено барањето за британска виза.[1] Професионалната фудбалска кариера ја започнал во екипата на Пари Сен Жермен пред да премине во Олимпик Марсеј во 2004. Во 2009 направил трансфер во Сандерленд и станал првиот албански фудбалер кој настапил во англиската Премиер лига. Подоцна се приклучил на најтрофејниот турски клуб Галатасарај. По две години во Турција преминал во италијански Лацио, каде останал четири сезони. Во 2015 се вратил во Франција, потпишувајќи двегодишен договор со екипата на Нант.

Цана своето деби за албанската репрезентација го имал во јуни 2003 на 19 годишна возраст. Можел да избира дали би настапувал за репрезентациите на Албанија, Швајцарија, или Франција, бидејќи имал пасоши од трите земји.[2] Иако има најмногу настапи за албанската репрезентација, Цана постигнал само еден гол во националниот дрес, и тоа во 2005 на пријателскиот натпревар против Азербејџан.

Remove ads

Признанија

Клупски

Пари Сен Жермен[3]
  • Лига 1 2. место: 2003–04
  • Француски куп: 2003–04; финалист: 2002–03,
  • Суперкуп финалист: 2004
Олимпик Марсеј
  • Лига 1 2. место: 2006–07, 2008–09
  • Француски куп финалист: 2005–06, 2006–07
Лацио[3]

Поединечни

  • Албански фудбалер на годината (3): 2004, 2005, 2006
  • Албански фудбалер на годината според навивачите (1): 2009
Remove ads

Статистика

Клупска

Обновено на 9 април 2016 [4][5][6][7]
Повеќе информации Клуб, Сезона ...

    Репрезентативна

    Обновено на 19 јуни 2016 [4][8]
    Повеќе информации Репрезентација на Албанија, Година ...
    Remove ads

    Наводи

    Надворешни врски

    Loading related searches...

    Wikiwand - on

    Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

    Remove ads