Лот (департман)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лот (француски: Lot, окситански: Òlt) — департман во регионот Окситанија, југозападна Франција. Наречен е по реката Лот.
Remove ads
Историја
Ова е еден од првобитните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. и произлезен е од дотогашната покраина Керси. Во 1808 г. од него се одвоени некои југоисточни кантони, и од нив е создаден департманот Тарн и Гарона. Првично кантонот сепротегал многу појужно и го опфаќал градот Монтобан.
Географија
Департманот се наоѓа во регионот Окситанија и обиколен од департманите Корез, Кантал, Аверон, Тарн и Гарона, Лот и Гарона и Дордоња.
Општини
Лот опфаќа вкупно 322 општини. Еве некои позначајни населени места:
- Каор — префектура (седиште) на департманот; ова е средновековен град познат по својата катедрала, средновековниот мост „Валантре“ и производството на вино. Сместен е на широк полукружен свиок на реката Лот.
- Фижак — средновековен град и потпрефектура на департманот; родно место на Жан Франсоа Шамполион (1790-1832), прв преведувач на египетските хиероглифи.
- Гурдон — добро зачуван средновековен ридски град. Во близината има бројни праисториски пештерски живописи, особено оние на Куњак. Гурдон исто така е потпрефектура на департманот.
Туризам
- Каор
- Мостот „Валантре“
- Рокамадур
- Реката Лот
Поврзано
- Кантони во Лот
- Општини во Лот
- Лот (река)
- Лот и Гарона
- Дордоња (река)
Надворешни врски
![]() |
„Лот (департман)“ на Ризницата ? |
- Управен портал на Лот Архивирано на 18 јули 2009 г. (француски)
- Генерален совет на Лот (француски)
- Планинарско-пешачки тури во Лот (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads