Сашко Кедев
Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сашко Кедев (роден 6 јули 1962, Штип) ― македонски политичар, кардиолог и доктор на медицински науки.
Животопис
Завршил средно образование во својот роден град. Член е на ВМРО-ДПМНЕ и доктор специјалист-кардиолог. Доцент на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог, интервентен кардиолог во САД. Добро знае англиски и италијански јазик. Живее во Скопје. Од 1991 до 1993 беше специјалист на клиниката во Бетезда, САД. Од 1999 до 2003 е директор на клиниката за кардиологија.
На 19 мај 2009 Сашко Кедев, се искачил на највисокиот врв на светот, Монт Еверест.[1] Со тоа, тој стана третиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на светот. Како високогорски планинар ги има искачено врвовите Мон Блан (заедно со алпинистот Јован Попоски - Јове и алпинистот Надир Мурсели), Матерхорн, Вајсхорн и тн. Исто така е првиот Македонец кој ги има искачено највисоките врвови на сите седум континенти во светот.
Сашко Кедев бил кандидат за претседател на претседателските избори кои се одржале во 2004 година, кога во вториот круг бил поразен од страна на Бранко Црвенковски. Од 2002 до 2006 година тој бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
Кедев е женет со Ганка Самоиловска, поранешен министерка за култура.[2]
Remove ads
Високогорски планинарски искачувања
Во планинскиот масив на Хималаите досега ги има искачено следните 13 планински врвови повисоки од 8 000 m н.в.:[3]
- Монт Еверест (8 848 m н.в.) на 19 мај 2009 година.
- Манаслу (8 163 m н.в.) на 27 септември 2021 година.
- Даулагири (8 167 m н.в.) на 9 април 2022 година.
- Анапурна I (8 091 m н.в.) на 15 април 2023 година.
- Нанга Парбат (8 126 m н.в.) на 2 јули 2023 година.
- Чо Оју (8 188 m н.в.) 2 октомври 2023 година.
- Макалу (8 463 m н.в.) на 5 мај 2024 година.
- Гашербрум II (8 035 m н.в.) на 22 јули 2024 година.
- Шишапангма (8 027 m н.в.) на 4 октомври 2024 година.
- Канченѕунга (8 586 m н.в.) на 23 мај 2025 година.
- Гашербрум I (8 080 m н.в) на 20 јули 2025 година.
Со ова Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врва повисоки од 8000 m н.в. во светот.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads