Лучано Спалети

италијански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Лучано Спалети
Remove ads

Лучано Спалети (роден на 7 март 1959 , во Черталдо) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Моментално ја води екипата на Јувентус.[2]

Кратки факти Лучано Спалети, Лични податоци ...
Remove ads

Биографија

Оженет е со Тамара, која е родена во Карпи а ја запознал во Ла Специја. Со неа имаат три деца.[3][4] Тој имал брат по име Марчело, седум години постар, кој починал на 28 мај 2019 година од рак.[5]

Од 2023 година, тој е Почесен граѓанин на Неапол.[6][7]

Играчка кариера

Thumb
Спалети со Ентела Бакеца во сезоната 1985-1986

Откако пораснал во младинските тимови на Фјорентина и Куоиопели, Спалети го направил своето деби со екипата на Кастелфјорентино во Серија Д. Следната година, тој се преселил во Ентела Бакеца, каде под водството на Џан Пјеро Вентура,[8] тимот стигнал до 5-тото место во Серија Ц2 првенството.

Во 1986 година, тој отишол да игра за Специја, новопромовираниот член во Ц1 лигата: во сезоната 1986-1987, тој придонел за постигнувањето на опстанокот,[9] додека во следните две сезони 1987-1988 и 1988-1989, Специја го освоила 7-мото и 3-тото место, соодветно.[9]

По една сезона помината во екипата на Вијареџо, тој се преселил во Емполи, каде што ја завршил кариерата на 34-годишна возраст, играјќи го своето последно првенство во сезоната 1992-1993.

Remove ads

Тренерска кариера

Емполи и Сампдорија

Во сезоната 1993-1994, тој ја започнал својата кариера како тренер во младинскиот тим на Емполи. На шест кола до крајот на првенството во Серија Ц1, тој го замени Адријано Ломбарди како тренер на првиот тим, кој се мачел да излезе од зоната за испаѓање. „Аѕурите“ го завршиле првенството на претпоследното место, спасувајќи се од испаѓање во плејаутот каде што ја совладале Алесандрија. Следната сезона, Спалети повторно се вратил во младинскиот тим на Емполи, за потоа одново да добие шанса да го тренира првиот тим во Серија Ц1 1995-1996. Сезоната, полна со успеси, го видела Емполи како го освојува Купот на Италија за екипи од Серија Ц и да избори промоција во Серија Б благодарение на победата во финалето на плејофот над Комо.

Во сезоната 1996-97, „Аѕурите“ на Спалети, кои неодамна биле промовирани од втората лига, веднаш заработиле промоција во Серија А, една деценија по претходното искуство на Емполи во највисоката лига. Потврден како тренер на тосканците, на своето деби во Серија А (1997-1998), тренерот го одвел тимот на безбедно место, постигнувајќи опстанок на едно коло пред крајот.

Откако ги оставил тосканците во првата лига, тој бил повикан да ја предводи Сампдорија.[10] Отпуштен во декември,[11] тој бил отповикан помалку од два месеци подоцна, по оставката на Дејвид Плат.[12] Во преостанатите 15 кола од првенството, тој освоил 21 бод, но не успеал да избегне испаѓање за лигурскиот клуб.[13]

Венеција, Удинезе и Анкона

Во следната сезона. тој седнал на клупата на Венеција,[14] освојувајќи само една победа во првите два месеци од Серија А.[15] Лошиот почеток предизвикал негово отпуштање од функцијата,[16] но само привремено, бидејќи по неколку недели тој бил вратен на клупата.[17] Сепак, конечното отпуштање се случило во февруари 2000 година.[18][19]

По една година неактивност, во март 2001 година, тој бил повикан на клупата на Удинезе да го замени Лујџи Де Канио:[20][21] со 10 освоени бода во 11 кола, фриулијанците ја завршиле сезоната на дванаесеттото место.[22] Заменет од Рој Хоџсон за следната сезона,[23] во декември 2001 година, бил ангажиран од Анкона:[24] со цел да го одведе клубот на безбедно место во Серија Б,[25][26] стигајќи дури до осмото место.[27]

Remove ads

Титули

Тренер

Клупски

Емполи
  • Куп на Италија Серија Ц : 1
1995-1996
Рома
2006-2007, 2007-2008
2007
Зенит Санкт Петербург
  • Руско првенство : 2
2010, 2011-2012
  • Куп на Русија : 1
2009-2010
  • Суперкуп на Русија : 1
2011
Наполи
2022-2023

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads