МРТ 2

From Wikipedia, the free encyclopedia

МРТ 2
Remove ads

МРТ 2 — вториот канал на Македонската радио-телевизија. Основана е на 6 март 1978 година како втора програма на Телевизија Скопје. Од 16 април 2020 година се емитува комплетно програма на албански јазик.

Кратки факти Отпочната, Сопственик ...
Thumb
Поранешно лого на каналот.
Remove ads

Историја

На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма бил Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитувала свои содржини, на вториот канал се преземале директно програми од другите југословенски телевизиски центри.

Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик.

Од 2020 година на МРТ 2 се емитува програма ислкучиво на албански јазик. Сите останати програми на малцинските јазици преминуваат на МРТ 4.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads