Туна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Туна
Remove ads

Туна (Thunnus) — род риби од семејството на скуши (Scombridae), кои живеат во солена вода. Живее во Атлантски Океан, Тихи Океан, Индиски Океан и Средоземно Море. Туната е многу брза риба, некои видови на туна постигнуваат брзина и до 70 км на час.[1] За разлика од поголем број бели риби, бојата на мускулното ткиво на туната се движи од розова кон темноцрвена. Црвената боја се појавува заради присуство на миоглобин, молекула која се врзува за кислородот; што туната го содржи во многу поголемо количество за разлика од останатите риби. Некои поголеми видови на туна, како што е Синоопашеста туна,имаат способност со молекуларна активност да си ја поткренат телесната температура над температурата на водата. Ова им овозможува да преживеат во постудени води и да живеат во најразлични делови на океаните.

Туна
Кратки факти Туна, Научна класификација [ у ] ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads