Македонска династија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонска династија
Remove ads

Македонска династија[а] — владеачка династија на Византија од 867 до 1056 година и доаѓа по Аморијанската династија. Позната е и како Ерменска династија.[b][1] Со оваа династија е поврзана македонската ренесанса во Византија.

Кратки факти Македонска династија, Главен град ...
Remove ads

Византиски цареви од Македонската династија

  • Василиј I Македонецот (811 - 886, на престол 867 - 886) - оженет за Варањезиња Евдокија Ингерина, куртизана на Михаил III; починал при лов (Потекло: Ерменско, роден во Македонија)
  • Лав VI (866 - 912, на престол 886 - 912) – син на Евдокија Ингерина, законит син и наследник на Василиј I; има возможност да бил биолошки син на Михаил III
  • Александар III (870 - 913, на престол 912 - 913) – син на Василиј I
  • Константин VII пурпурнородениот (905-959, на престол 913 - 959) – син на Лео VI
  • Роман I (870 - 948, на престол 919 - 944) – дедо по жена на Константин VII; коцар, симнат од сина си и заминал во манастир (Потекло: Ерменско)
  • Роман II пурпурнородениот (939 - 963, на престол 959 - 963) – син на Константин VII
  • Никифор II Фока (912 - 969, на престол 963 - 969) – Стратег; се оженил за вдовицата на Роман II; убиен (Потекло: Кападокија)
  • Јован I Цимискиј (925 - 976, на престол 969 - 976) – дедо по жена на Роман II, Љубовник на Никифоровата жена (Потекло: Ерменско)
  • Василиј II Бугароубиец (958 - 1025, на престол 976 - 1025) – син на Роман II (Потекло: Ерменско)
  • Константин VIII (960-1028, на престол 1025 - 1028) – син на Роман II; коцар со Василиј II
  • Зоја I (о. 978 - 1050, на престол 1028 - 1050) – ќерка на Константин VIII
  • Роман III Аргир (968 - 1034, на престол 1028 - 1034) – епарх на Цариград; прв маж на Зоја; убиен
  • Михаил IV (1010 - 1041, на престол 1034 - 1041) – втор маж на Зоја
  • Михаил V Калафат (1015 - 1042, на престол 1041 - 1042) – внук на Михаил IV, посинет син на Зоја
  • Теодора (980 - 1056, на престол 1042) – ќерка на Константин VIII, коцарка со Зоја
  • Константин IX Мономах (1000 - 1055, на престол 1042 - 1055) – трет маж на Зоја
  • Теодора (на престол 1055 - 1056) – вратена на престолот

Надвор од династиското дрво

  • Михаил VI (на престол 1056 - 1057) – избран од Теодора; симнат и заминал во манастир
Remove ads

Поврзано

  • Византија под Македонската династија

Белешки

  • а Се нарекува македонска бидејќи родоначалникот на династијата, Василиј I, е роден во византиската тема Македонија, која тогаш се простирала во денешна Тракија околу регионот на Едрене.
  • b Се нарекува и ерменска бидејќи некои од владетелите имале и делумно ерменско потекло.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads