Роман II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роман II (грчки: Ρωμανός Β΄, о. 938 г. - 15 март 963 г.), бил византиски цар од 959 г. до 963 г. Тој го наследил неговиот татко Константин VII Порфирогенит во 959 г. на дваесет и една година и починал ненајдено во 963 г. Тој бил внук на царот-узурпатор Роман I Лакапин, и претставувал врска помеѓу Македонската династија од машка и Лакапините од женска страна.
Remove ads
Ран живот
Детство и женидба
Тој како дете, според волјата на Роман Лакапин, бил со вонбрачната ќерка на Хуго од Прованса, но со прераната смрт на малата принцеза оваа врска, понижувачка за легитимниот царски син, престанала уште пред да се престори во вистински брак. Околу 956 г. Роман по сопствена волја и од љубов се оженил со Анастаса, ќерка на крчмар, која како царица го добила името Теофано. Оваа меобично убава, меѓутоа, крајно славољубива и потполно аморална жена во византиската историја одиграла посебна улога. Роман II целосно потпаѓал под нејзиното влијание. Поради нејзината желба царицата-мајка Елена морала да се повлече, а сестрите на царот присилно биле затворени во манастир.[1]
Стекнување царска титула
Константин VII Порфирогенит, ја презел царската власт во својата четириесетта година, откако од најраното детство, цели триесет и три години, носел царска круна. На Велигден, на 6 април 945 г., ја добил царската титула и неговиот син Роман.[2]
Remove ads
Владеење
По смртта на Константин VII (9 ноември 959 г.) на престолот дошол неговиот син Роман II, слаб и лесноумен младич, кој ја наследил татковата политичка неспособност, но не и неговата љубов кон науката.[3] За државните работни Роман II воопшто не се грижел, туку му ги препуштал на способниот но безобѕирен и мошне непопуларен евнух Јосиф Вринга. Првата улога во Царството, меѓутоа, ја играл големиот војсководец Никифор Фока.[4]
Во летото 960 г. Никифор Фока тргнал со голема флота на Крит. По долгата и мошне тешка опсада, која траела цела зима, неговите трупи во март 961 г. ја освоиле Кандија, престолнината на островот. Крит одново и припаднал на Византија откако речиси 140 години се наоѓал под власта на Арабјаните, служејќи им како главна база во источниот дел на Средоземното Море. Поголема и позначајна победа Византија веќе неколку векови не доживеала.[4]
По триумфалниот дочек во Цариград, Никифор Фока, ја обновил борбата со Саиф-ад-Даулах во Азија. Неговото војување и овде било крунисано со извонредни успеси. Еден по друг паднале: Аназарб во Киликија, Германикеја околу кој биле водени многу борби, Рабан и Дулук (Телух), а во декември 962 г.по тешка опсада се предал и Алеп, престолнината на Саиф-ад-Даулах. Иако заземањето на овие градови не значело и нивно дефинитвно припојување на Византија, сепак победоносното продирање на византискиот војсководец јасно ја докажало неговата голема надмоќ. Борбата со Хамданидите, која во текот на последните три децении била во средиштето на византиската надворешна политика, уште тогаш била решена во полза на Византијците.[4]
Remove ads
Смрт и наследници
По прераната смрт на Роман II, на 15 март 963 г., власта кратко преминала во рацете на царицата Теофано, која презела регентвото на своите малолетни синови Василиј II и Константин VIII.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads