Кошаркарска федерација на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), поранешни имиња Кошаркарски сојуз на Македонија и Македонска кошаркарска федерација, — врховно раководно тело на кошарката во Македонија. Раководи со машките и женските сениорски и младински репрезентации, како и со машките и женските сениорски и младински лиги и куп натпреварувања. Седиштето на КФМ е во Скопје.
Remove ads
Историја
Кошаркарскиот сојуз на Македонија станал членка на ФИБА на 23 мај 1993 година.[2]
Во 2009 година, името на Федерацијата било сменето од Кошаркарска федерација на Македонија во Македонска кошаркарска федерација. Тој назив го носел сè до мај 2019 година, кога бил ставен службениот назив Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија согласно контроверзната политика на владејачките структури.
Во март 2015 дошло до судир меѓу раководството на КФМ и дел од клубовите кои формирале Иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на КФМ на кое би се извршила смена на претседателот Даниел Димевски. Притоа, ФИБА доставила допис до Агенцијата за млади и спорт на Македонија во врска со спорот меѓу двете страни, заканувајќи се со санкции ако не се почитува процедурата за свикување собрание на КФМ.[3] Потоа, Управниот одбор на КФМ го признал правото на Иницијативниот одбор на клубовите за свикување вонредна седница на Собранието на КФМ и донел одлука да се формира заедничка комисија, составена од претстваници на двете спротивставени страни, која би нашла заедничко решение, а со цел да се избегне опасноста од казна од страна на ФИБА.[4] За надминување на кризата во македонската кошарка, претседателот на МКФ Даниел Димевски закажал изборно собрание, кое се одржало на 27 април при што тој не поднесол кандидатура за втор мандат.[5] На изборното собрание, одржано во хотелот „Александар палас“ во Скопје, за нов претседател на КФМ едногласно бил избран Петар Наумоски. Притоа, на почетокот на гласањето, како противкандидат на Наумовски бил предложен членот на управниот одбор на КФМ Абдураим Бајрактар, кој бил поддржан од 10 члена на собранието, но потоа, тој се повлекол од изборот, поради неправилности во процедурата на пријавување. По изборот, Наумоски предложил нов состав на управниот одбор на КФМ, во состав: Абдураим Бајрактар, Илија Пенов, Сашо Босилков, Сашо Дракуловски, Тони Трајков, Даниел Воиновски, Александар Свртинов, Среќко Трајковски, Ристо Јаневски, Благоја Георгиевски - Буштур, Горан Ѓорѓиевски, Пејчо Илиев - Баџо и Анатол Кутревски.[6] Со изборот на новиот претседател не завршиле превирањата во МКФ, зашто на почетокот од јуни 2015 година, генералниот секретар Дејан Јовановски поднесол оставка, по само еден месец поминат на таа функција, а покрај него си заминал и директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски.[7] Малку подоцна, за нов спортски директор на репрезентацијата бил поставен Заре Марковски.[8]
На 31 август 2020 година, Федерацијата го сменила своето седиште од улица „Македонија“ и се преселила на улицата „Дебарца“ во населбата Дебар Маало.[1]
Remove ads
Домашни натпреварувања
Машка конкуренција
- Прва лига
- Втора лига
- Трета лига (не е во функција; прекината)
- Куп на Македонија
- Суперкуп на Македонија (повремено натпреварување)
Женска конкуренција
- Прва лига
- Куп на Македонија
Меѓународни натпреварувања

Младински репрезентации
Репрезентации под 20 години
- Машка репрезентација под 20 години
- Женска репрезентација под 20 години
Репрезентации под 18 години
- Машка репрезентација под 18 години
- Женска репрезентација под 18 години
Репрезентации под 16 години
- Машка репрезентација под 16 години
- Женска репрезентација под 16 години
Раководство
Челници на КФМ
Челниците на КФМ се[9]:
- Дејан Лекиќ - генерален секретар
- Соња Спасовска - технички секретар
- Врбица Стефанов - директор на сениорска репрезентација
- Илија Мерџановски - директор на репрезентации
Управен одбор на КФМ
Управниот одбор на КФМ е во следниот состав:[9]
- Даниел Димевски - претседател
- Димитар Костадинов - потпретседател
- Дарко Дарковски
- Војо Петров
- Роберт Блажевски
- Емил Стојменов
- Виктор Здравков
- Христијан Шапкар
- Ѓорѓи Ристов
- Љупчо Васевски
- Алеко Ангеловски
- Зоран Марковски
- Предраг Чемерикиќ
- Љупчо Стаматовски
- Абдураим Бајрактар
- Милорад Славковиќ
- Ване Соколовски - претседател на Здружение на прва лига мажи
- Драган Христов - претседател на Здружение на втора лига мажи
- Дарко Здравковски - претседател на Здружение на трета лига мажи
- Михаил Апостолски - претседател на Здружение на прва лига жени
- Владимир Огњановски - претседател на Здружение на младински лиги
Remove ads
Досегашни претседатели на Кошаркарската федерација на Македонија
Извор:[12]
Remove ads
Годишни признанија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads