Петар Наумоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Петар Наумоски
Remove ads

Петар Наумоски (роден на 27 август 1968 во Прилеп) — македонски поранешен кошаркар и кошаркарски функционер.

Кратки факти Петар Наумоски, Позиција ...
Remove ads

Животопис

Во периодот од 2002 до 2006 година, Наумоски бил пратеник во Собранието на Република Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По завршувањето на мандатот, во 2006 година, Наумовски побарал и користел апанажа во траење од една година.

Во 2000 година, Наумовски стапил во црковен брак со Сања Обрадовиќ со која има три деца. Притоа, според искажувањето на Обрадовиќ, тие не биле регистрирани во граѓански брак, бидејќи Наумовски веќе бил во брак со некоја Италијанка. Наумовски и Обрадовиќ се разделиле во мај 2012 година. Со неа, Наумовски има три деца, при што, по разделбата, постариот син останал да живее со него, додека двете помали деца продолжиле да живеат со мајка им.[1]

Remove ads

Репрезентативна кариера

На 30 мај 1993 година, Наумоски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[2]

Останата кариера

Во април 2015 година, Наумоски бил избран за претседател на Македонската кошаркарска федерација.[3] Во мај 2019 година, на Наумоски му истекол мандатот како претседател и бил наследен од единствениот кандидат на таа позиција - Перо Антиќ.[4][5]

Признанија и награди

Во февруари 2017 година, кошаркарскиот клуб Ефес го повлекла бројот 7 од употреба, број со кој настапувал Петар Наумоски во екипата. Симболично бил повлечен бројот за време на натпреварот Ефес : Армани Милано, клуб во кој исто така играл Наумоски.[6][7][8]

Други дела

Веднаш по повлекувањето на седумката во Ефес, Петар Наумоски ја промовирал модната линија „П7“, наменета за турскиот пазар.[9]

Забелешки

  1. Има добиено турско државјанство под името Полат Намик.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads