Манастири во Македонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Манастири во Македонија
Remove ads

Повеќето од македонските манастири, градени во различни периоди, посебно оние градени од XI до XV-XVI век, во целост се сочувани и денес. Освен вредниот живопис, по кои Македонија е позната во светот, тие во своите древни ризници кријат невидливи записи за духовниот код на монашкиот подвиг што се одвивал во нив. Градени на високи непристапни места, во близина на испосници, далеку од човечките населби, изолирани во тишина и затскриени со бујна вегетација, со мали манастирски цркви и конаци во кои било можно да се сместат малубројни братства, во монашки заедници од скитски карактер. Честопати метоси на големите Светогорски манастири, од кои монасите посветени на молитвата се повлекувале во нив.

Thumb
Зрзески манастир

Манастирите на планината Скопска Црна Гора (која го добила името по многубројните црнорисци-монаси) и комплексот испосници и манастири на Матка, по долината на реката Треска, во близина на Скопје; испосниците крај брегот и островите во Преспанското Езеро; пештерските цркви на бреговите на Охридското Езеро, монасите и калуѓерките во црквата „Св. Атанасиј“ односно Лешочкиот манастир, а кој е сместен во Лешок на падините на Шар Планина; испосниците крај Лесновскиот манастир; исихастичките испосници непосредно под манастирот Св. Преображение-Зрзе, над Пелагонија, сведочат за видот на подвигот кои монасите го практикувале тука. Подвиг на трагање по вистинското богопознание: објективното гледање на Бога од страна на целосниот човек, во процесот на очистување, преобразување и интеграција на природните сили на душата, до степенот на обожение.

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads