Лешок

село во Општина Теарце From Wikipedia, the free encyclopedia

Лешокmap
Remove ads

Лешоксело во Општина Теарце, во околината на градот Тетово. Познато е по Лешочкиот манастир.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, селото Лешок е оддалечено 9 километри во северен правец.

Историја

Thumb
Документ со печат од Лешочката селска општинска управа, од 5 јуни 1918 година.

Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 200 семејства, 11 неженети и 22 вдовици, сите христијани.[2]

Селото е споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година и е забележано како село Лешка со 89 домаќинства.[3]

Remove ads

Стопанство

Население

Thumb
Жени од Лешок во народна носија, 1890 година.
Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешок имало 488 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, селото брои 440 жители, од кои 435 Македонци, 1 Србин и 4 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 696 жители, од кои 381 Македонец, 280 Албанци, 2 Роми, 1 Србин, 11 останати и 21 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Лешок е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Базовци (1 к.), староседелци.
  • Стојковци (18 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Русе (две семејства).
  • Ѓурлуковци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Пловдив (едно семејство).
  • Чочолевци (1 к.), староседелци.
  • Такаревци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Русе (три семејства).
  • Мазарковци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Русе (едно семејство).
  • Савевци (4 к.), староседелци.
  • Тошоќој (3 к.), староседелци.
  • Тасевци (1 к.), староседелци.
  • Коларовци (2 к.), доселени се од Старо Село.
  • Ѓоревци (4 к.), доселени се од селото Варвара. Го знаат следното родословие: Билбил (жив на 50 г. во 1947 година) Петруш-Божин-Ѓоро, кој се доселил. Имаат иселеници во селото Слатино.
  • Качовци (4 к.) доселени се од соседното село Сетоле, го знаат следното родословие: Андро (жив во 1947 година) Мито-Божин-Мишо-Јанко, основачот на родот. Имаат иселеници во Лесковац (едно семејство).
  • Лалошој (11 к.) доселени се од селото Непроштено, таму биле староседелци, го знаат следното родословие: Мито (жив на 45 г. во 1947 година) Јастре-поп Симун-поп Китан, кој се доселил. Имаат иселеници во Скопје (шест семејства, во Ѓорче Петров), Тетово (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
  • Гркомановци (4 к.) доселени се од селото Рогачево, го знаат следното родословие: Томе (жив на 40 г. во 1947 година) Самој-Васо-Стојан-Јовче, основачот на родот, во Рогачево биле староседелци.
  • Карапанџовци (3 к.) доселени се од неко— село во Гостиварско. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (две семејства).
  • Китановци (1 к.) доселени се однекаде.
  • Чапунковци (3 к.) доселени се однекаде. Имаат иселеници во Пловдив (две семејства) и во Плевен (едно семејство).
  • Николовци (5 к.) доселени се од Варвара. Имаат иселеници во Пловдив (едно семејство).
  • Сандаровци (3 к.) доселени се од Непроштено.
  • Јоановци (2 к.) доселени се од селото Слатино, подалечно потекло од областа Сириниќ во Косово и Метохија.
  • Рошој (2 к.) доселени се од селото Слатино. Подалечно потекло од неко— село во Овче Поле.
  • Пејчиновци или Поповци (13 к.) доселени се од соседното село Отуње, таму се викале Цанцаловци. Право потекло имаат од селото Орашко Градиште во клисурата на Вардар. Имаат иселеници во Тетово (три семејства, богат род), Русе (едно семејство), Белград (едно семејство), Софија (едно семејство) и во Франција (едно семејство).
  • Цинцаровци (6 к.) доселени се од селото Сетоле, го знаат следното родословие: Форче (жив на 50 г. во 1947 година) Столе-Кочо-Богдан, кој се доселил.
  • Нешовци (1 к.) доселени се од селото Чучер, Скопско. Имаат иселеници во Варна (едно семејство).
  • Пашини (4 к.) родот го основал предок доселен од селото Подбреге.
  • Зако (1 к.) доселен како домазет од селото Палчишта.
  • Здраве (1 к.) доселен како домазет од селото Мушиково кај Средска.
  • Наљбукои (1 к.) стари доселеници однекаде.
  • Прнџо (1 к.) доселен од селото Варвара.
  • Богојеви (1 к.) доселени од Рогачево.
  • Ончев (1 к.) доселен од Брезно.
  • Филиповци (1 к.) доселени од селото Јанчиште.
  • Стојан (1 к.) доселен од селото Брезно во 1939 година.
  • Трпе (1 к.), Трпе е доселен како домазет од селото Теарце.
  • Стеван (1 к.), Стеван е доселен како домазет од селото Сетоле (таму припаѓал на родот Качовци)
  • Ѓоре (1 к.), Ѓоре е доселен како домазет од селото Варвара (таму припаѓал на родот Пржовци)
  • Сибиновци (4 к.) доселени се од селото Котлина кај Качаник, го знаат следното родословие: Ристо (жив на 40 г. во 1947 година) Андро-Спасо-Сибин.
  • Коруновци (6 к.) доселени се од селото Варвара, го знаат следното родословие: Стојан (жив на 45 г. во 1947 година) Стојче-Милован-Корун. Имаат иселеници во Бугарија (три семејства).
  • Богојевци (1 к.) доселени се од Слатино.
  • Манојловци (1 к.) доселени се од Глоги.[14]
Remove ads

Општествени установи

Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2009 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Варвара.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 391 гласач.[16]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Николај“ во Лешок

Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од XIV век, Св. Атанасиј од XX век, Св. Богородица од XIX век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од XX век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).

Археолошки наоѓалишта
  • Кале — населба од доцна антика и среден век;[17]
  • Два Бреста — населба од римско време;
  • Леска — населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
  • Пепело — населба од римско време;
  • Црквиште — црква од средниот век;
  • Црници — некропола од римско време;
  • Депо - депо од средниот век;
  • Млака — некропола од средниот век;
Remove ads

Редовни настани

Thumb
Лешочки фолк фест во 2007 година

Личности

Личности родени во Лешок:

Личности починати во Лешок:

Култура и спорт

Во селото постојат клубовите ФК Оникс и ОК Лешок, кој настапува во Првата македонска одбојкарска лига.

Иселеништво

Родовите Џарловци, Дабовци и Главиновци целосно изумреле и се иселиле од селото.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads