Македонски парламентарни избори (2006)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Парламентарните избори 2006 година се одржани на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која подоцна и формира влада.
По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на водачот на победничката партија Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за премиер на владата. Во составот на владата влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ, кои сепак не добија министерски места. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.
Remove ads
Учесници на изборите
За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи, од кои 31 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи.
Поголеми партии (и коалиции предводени од нив) што учествуваа на изборите се:
- Коалицијата „За Македонија заедно” (СДСМ, Либерално демократска партија, Демократска партија на Турците, Обединета партија на Ромите, Демократска партија на Србите, Демократска унија на Власите, Работничка земјоделска партија, Социјалистичка христијанска партија на Македонија, Зелена партија на Македонија)
- Коалицијата „За подобра Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, Либерална партија на Македонија, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Партија за движење на Турците во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Европска партија на Македонија, Партија на зелените, Народно движење за Македонија, Бошњачка демократска партија, Демократски сили на Ромите, Партија за интеграција на Ромите)
- Коалицијата Демократска унија за интеграција, Партија за демократски просперитет, Демократска лига на Бошњаците
- Демократска партија на Албанците
- Нова социјалдемократска партија
- ВМРО-Народна партија
- Демократска обнова на Македонија
- Земјоделска народна партија на Македонија
Од помалите политички партии и коалиции на изборите учествуваа:
- Демократска алтернатива
- Лига за демократија
- Партија за европска иднина
- Социјалдемократска партија на Македонија
- Комунистичка партија на Македонија
- Сојуз на титови леви сили
- Партија за економска обнова
- Демократска републиканска унија на Македонија
- ТМРО
- ТМОРО-ВЕП
- ВМРО – Демократска партија
- Национална алтернатива
- Радикална странка на Србите во Македонија
- Коалиција Леви сили на Македонија (Партија на пензионерите на Македонија и Реформирана комунистичка партија на Македонија)
- Центар на демократски сили
- Коалиција Нови демократски сили и Демократска алијанса на Албанците
- Национална демократска партија
- Демократска партија – Напред Македонијо - Форца
- Коалиција Македонски обединети сили – Семакедонска работничка партија и ВМРО - Обединета
- Демократска партија на Македонија (Тетово)
- Партија за демократска иднина
- Македонска партија
- Движење за национално единство на Турците
Кандидатска листа од група избирачи беше пријавена во четвртата изборна единица, предводена од Панчо Минов, и во петтата, предводена од Ќирчо Ташков.
Remove ads
Гласачки одзив
Гласачкиот одзив беше 56,0% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата, но во одредена мера се должи и на фактот што изборите и предизборната кампања се одвиваше во текот на Светското првенство во фудбал. Дека и тоа имало влијание покажуваат и парламентарните избори во Словачка, кои исто така се одржаа во текот на Светското првенство и каде се забележа сличен пад на гласачкиот одзив, од 70,0% на 54,7%.
Remove ads
Изборни резултати
На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 45 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 17, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партија 7, ВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.
Освоени мандати по политички партии
Распределбата на мандатите по партии е следната:
Remove ads
Освоени мандати по изборни единици
Резултати по изборни единици
Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads