Владо Бучковски
Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владо Бучковски (2 декември 1962 во Скопје) — поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на СДСМ. Бучковски по професија е правник и професор по римско право на правниот факултет во Скопје.
Remove ads
Научна кариера
Владо Бучковски дипломира на Правниот факултет — правосудна насока во 1986, а магистрира во 1992. Во 1998 докторира на тема “Римско и современо заложно право”.
Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во 1988 година преминува на Правниот факултет во Скопје, каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 е избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година е избран за вонреден професор.
Remove ads
Политичка кариера
Во периодот од 1998 до 2000 година, Бучковски бил член на Државната изборна комисија, а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје. Во периодот од 13 мај до 26 ноември 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициска влада.
По победата на СДСМ и на неговите коалициони партнери на парламентарните избори во 2002 година, на 1 ноември 2002 година Бучковски станува член на Владата на Република Македонија и ја врши функцијата министер за одбрана. На оваа функција е до декември 2004 година. На 15 септември 2003 година стана претседател на Правниот совет на Владата.
На 22 јули 2004 година во Струга беше жестоко нападнат од 5000 граѓани. Причина за тоа беше неговото доаѓање во Струга со цел да го убeди раководството на СДСМ да излезе од "Кризниот штаб за отстанок на Општина Струга". Тогаш стружани ги нарече хулигани. Тоа предизвика жестока реакција на граѓаните, по што беше затворен во седиштето на СДСМ цели 6 часа. Со акција на специјалните полициски сили беше ослободен и префрлен во Скопје. При таа акција беа повредени многу граѓани на Струга а употребени беа шок бомби, солзавец и гумени куршуми. Од тогаш беше прогласен за непожелна личност во Струга, неговото име беше напишано на ѕидот на срамот, заедно со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и градоначалникот на Скопје Ристо Пенов.
На 26 ноември 2004 е избран за водач на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов, а на 15 декември 2004 година Парламентот го избра за претседател на Владата на Република Македонија, функција која ја извршува до август 2006-та.
Под негово водство коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ, доживува пораз на парламентарните избори во 2006 година. По изборниот пораз од Бучковски беше побарано да поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, но тој тоа го одбива. Сепак, на конференцијата на партијата одржана на 7 октомври на Бучковски му е изгласана недоверба и тој беше принуден да се повлече од претседателското место во СДСМ.
На 1 август 2007 година против Бучковски е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената должност и нанасена три милиони евра штета на касата на Министерството за одбрана, извршени во 2001 година кога Бучковски беше министер за одбрана. Пресудата е донесена на 9 декември 2008 после 13 месечен судски процес во кој е осуден на 3,5 години затворска казна[1]. Во декември 2012 година тој е исклучен од редовите на СДСМ.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads