Македонски парламентарни избори (2008)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски парламентарни избори (2008)
Remove ads

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Кратки факти 120 мандати во Собранието 61 места за мнозинство, Регистрирани ...

Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП гласале против.

На изборите победи коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.

На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада, составена од министри од ВМРО ДПМНЕ, од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ, како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат.

Remove ads

Правни прописи

  • Гласачките места биле отворени од 07:00 до 19:00 часот.
  • Биле избирани 120 пратеници по пропорционален метод. Резултатите биле пресметувани по Донтова формула.
  • Од 6 изборни единици биле избирани по 20 пратеници.
  • Биле запишани 1.779.116 избирачи во избирачкиот список, или 37.667 повеќе во однос на 2006 година.
  • Имало 1.540 кандидати за пратеници.

Учесници на изборите

Поднесени биле 18 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувале 41 партија. Од нив, 14 настапиле самостојно, а 27 во коалициите За подобра Македонија и СОНЦЕ. Коалиција за Европа.

  1. Коалиција За подобра Македонија (ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, ВМРО - Македонска, Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Народно Движење за Македонија, Бошњачка Демократска Партија, Партија на Зелените, Демократска Унија на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Р Македонија, Партија за Целосна Еманципација на Ромите).
  2. СОНЦЕ. Коалиција за Европа (Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Либерално демократска партија, Либерална партија на Македонија, Нова Алтернатива, Зелена Партија на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија, Демократски Сојуз на Власите од Македонија)
  3. Демократска унија за интеграција
  4. Демократска партија на Албанците
  5. Партија за европска иднина
  6. Партија за демократски просперитет
  7. Демократска унија на Албанците
  8. Социјалдемократска партија на Македонија
  9. Партија на слободни демократи
  10. Радикална странка на Србите во Македонија
  11. ТМОРО-ВЕП
  12. Движење за национално единство на Турците
  13. Сојуз на Титови леви сили
  14. ВМРО – Демократска партија
  15. ТМРО
  16. Национална демократска унија
  17. Група избирачи Панчо Минов
  18. Група избирачи Пецо Грујовски
Remove ads

Текот на кампањите на политичките партии

Според анкетите спроведени од 11 април до 15 април од вкупно 1.108 граѓани на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ имала рејтинг од 29%, наспроти СДСМ со 11%, ДУИ со 10% и ДПА со 7%.

Изборни резултати

Повеќе информации Политички партии и коалиции, Гласови ...
Remove ads

Освоени мандати по политички партии

Распределбата на мандатите по партии е следната:

Remove ads

Освоени мандати по изборни единици

Повеќе информации Изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ...


Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]

Повеќе информации Изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads