26 јули
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Јули 2025

(26 јули 1782–23 јануари 1837) ирски композитор и пијанист. Првиот кој компонирал ноктурна

(26 јули 1875–6 јуни 1961) швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија
26 јули — 207-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (208-и во престапна година). Остануваат 158 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1953 | Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантјаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста. |
| 1956 | Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот Канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија. |
| 1963 | Катастрофален земјотрес го разурна Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4⁄5 од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност. |
| 1996 | Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор — Кристофер Хил. |
| 1996 | Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици. |
Родени:
| 1782 | Џон Филд — ирски композитор. |
| 1842 | Алфред Маршал — англиски економист. |
| 1856 | Џорџ Бернард Шо — англиски писател. |
| 1862 | Васил Иванов К’нчов — бугарски етнограф. |
| 1875 | Карл Густав Јунг — швајцарски психијатар. |
| 1894 | Олдос Хаксли — англиски писател и есеист. |
| 1900 | Артуш Черник — чешки писател, новинар и филмски и театарски критичар. |
| 1901 | Нина Берберова — руска писателка. |
| 1928 | Стенли Кјубрик — американски режисер. |
| 1931 | Теле Сантана — бразилски фудбалер и тренер. |
| 1934 | Даница Ручигај — македонска поетеса. |
| 1943 | Мик Џегер — англиски пејач, член на рок-групата „Ролинг стоунс“. |
| 1945 | Хелен Мирен — англиска глумица. |
| 1949 | Роџер Тејлор — англиски рок-музичар, член на групата „Квин“. |
| 1954 | Роза Топузова Каревска — македонски политичар. |
| 1953 | Феликс Магат — германски фудбалер и тренер. |
| 1959 | Кевин Спејси — американски глумец. |
| 1961 | Дејвид Хејмен — британски филмски продуцент. |
| 1981 | Мајкон Сисенандо — бразилски фудбалер. |
| 1985 | Брис Феји — француски велосипедист. |
| 1985 | Гаел Клиши — француски фудбалер. |
| 1987 | Ромен Лемаршан — француски велосипедист. |
| 1990 | Хесус Ерада — шпански велосипедист. |
Починале:
| 1471 | Павле II — римски папа. |
| 1867 | Отон I — грчки крал. |
| 1902 | Шарл Дадан — француско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство. |
| 1903 | Алексо Поројлијата — македонски револуционер. |
| 1917 | Едгар Дега — француски сликар. |
| 1925 | Готлоб Фреге — германски математичар. |
| 1926 | Крсте Петков Мисирков — истакнат македонски филолог, јазичар, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџевардарско на 18 ноември 1874 година. |
| 1952 | Ева Перон — популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон. |
| 1963 | Димитар Пандилов — истакнат уметник, прв македонски импресионистички сликар. |
| 1985 | Фреди Перлман — анархист, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
