Денали
највисока планина во Северна Америка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Денали (којуконски: Denali = „Висока“); до 2015 г. Макинли (англиски: Mount McKinley)[3] — највисока планина во Северна Америка, чиј врв е на надморска височина од 6.168 м и има најголема самостојна висина (од основата до врвот) од сите планини што се издигаат исклучиво над морското ниво.[4] Планината го зазема третото место по истакнатост во светот, по Монт Еверест и Аконкагва. Сместена е во Алјаскиот Венец, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска и претстаува главна знаменитост на Националниот парк Денали. Називот „Макинли“ го носела во чест на Вилијам Макинли — претседател на САД од 1897 до 1901 г.

Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.[5]
Remove ads
Геологија и особености
Планината е гранитен плутон која се издигнала поради тектонски притисок од Тихоокеанската и Северноамериканската Плоча, истовремено одронувајќи таложен материјал над и околу планината.[6] Силите што ја создале планината предизвикале и многубројни силни земјотреси во Алјаска и на Алеутските Острови. Денес Тихоокеанската Плоча е сеизмички активна под планината.[7]

Со висина од 6.168 м, Денали е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 м. над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето.[4] Се издига од накосена рамница на надморска височина од 300-900 м, што значи дека висината ѝ се разликува во зависност од местото на набљудување (во опсег од 0-1000 м).[8] (Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 м до 5.200 м, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 м. наспроти самостојните 5.500 м на Денали[9] Сепак, Денали има само половина од самостојната висина на вулканот Мауна Кеја (10.020 м), но голем дел од планината е под вода.[10]
Врвови и ледници
Денали има два поважни врва: Јужниот (повисокиот) и Северниот, на н.в. од 5.934 м[6] и топографска истакнатост од околу 387 м.[11] Северниот понекогаш се смета за посебен, но ретко се искачува, освен од северниот приод.
По страните на планината се протегаат пет поголеми ледници: Питерс (северозападна страна), Малдроу (североисточна), Тралејка (источна), Рут (југоисточна) и Кахилтна (југозападна).[12][13]
Remove ads
Искачување
Планината денес редовно се искачува. Во 2003 г. до врвот успешно стигнале 58% од планинарите, со вкупно 100 жртви за период од еден век.[14] Највеќето планинари се искачуваат преку Западниот Потпорник, пронајдена во 1951 г. од истражувачот Бредфорд Вошберн,[5] по внимателни и опширни анализи на авионски снимки. Искачувањето трае 2-4 недели.
Околни планини

Во околината на Денали се наоѓаат следниве планини:
- Форакер
- Силвертрон
- Хантер
- Хантингтон
- Дики
- Лосов Заб (Мусес Тут)
Поврзано
- Логан (планина)
- Алјаски Венец
- Список на планини во САД
- Национален парк Денали
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads