Денали

највисока планина во Северна Америка From Wikipedia, the free encyclopedia

Денали
Remove ads

Денали (којуконски: Denali = „Висока“); до 2015 г. Макинли (англиски: Mount McKinley)[3] — највисока планина во Северна Америка, чиј врв е на надморска височина од 6.168 м и има најголема самостојна висина (од основата до врвот) од сите планини што се издигаат исклучиво над морското ниво.[4] Планината го зазема третото место по истакнатост во светот, по Монт Еверест и Аконкагва. Сместена е во Алјаскиот Венец, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска и претстаува главна знаменитост на Националниот парк Денали. Називот „Макинли“ го носела во чест на Вилијам Макинлипретседател на САД од 1897 до 1901 г.

Кратки факти Денали, Највисока точка ...
Thumb
Хадсон Стак и Хари Карстенс — водачи на првото успешно искачување на Денали во 1913 г.

Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.[5]

Remove ads

Геологија и особености

Планината е гранитен плутон која се издигнала поради тектонски притисок од Тихоокеанската и Северноамериканската Плоча, истовремено одронувајќи таложен материјал над и околу планината.[6] Силите што ја создале планината предизвикале и многубројни силни земјотреси во Алјаска и на Алеутските Острови. Денес Тихоокеанската Плоча е сеизмички активна под планината.[7]

Thumb
Поглед на јужната страна на планината

Со висина од 6.168 м, Денали е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 м. над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето.[4] Се издига од накосена рамница на надморска височина од 300-900 м, што значи дека висината ѝ се разликува во зависност од местото на набљудување (во опсег од 0-1000 м).[8] (Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 м до 5.200 м, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 м. наспроти самостојните 5.500 м на Денали[9] Сепак, Денали има само половина од самостојната висина на вулканот Мауна Кеја (10.020 м), но голем дел од планината е под вода.[10]

Врвови и ледници

Денали има два поважни врва: Јужниот (повисокиот) и Северниот, на н.в. од 5.934 м[6] и топографска истакнатост од околу 387 м.[11] Северниот понекогаш се смета за посебен, но ретко се искачува, освен од северниот приод.

По страните на планината се протегаат пет поголеми ледници: Питерс (северозападна страна), Малдроу (североисточна), Тралејка (источна), Рут (југоисточна) и Кахилтна (југозападна).[12][13]

Remove ads

Искачување

Планината денес редовно се искачува. Во 2003 г. до врвот успешно стигнале 58% од планинарите, со вкупно 100 жртви за период од еден век.[14] Највеќето планинари се искачуваат преку Западниот Потпорник, пронајдена во 1951 г. од истражувачот Бредфорд Вошберн,[5] по внимателни и опширни анализи на авионски снимки. Искачувањето трае 2-4 недели.

Околни планини

Thumb
Источната страна на Денали гледана од Националниот парк Денали

Во околината на Денали се наоѓаат следниве планини:

  • Форакер
  • Силвертрон
  • Хантер
  • Хантингтон
  • Дики
  • Лосов Заб (Мусес Тут)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads