Малокорапско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мало Корабското Езеро (познато и како Езеро Мал Кораб) е природно ледничко езеро на планината Кораб, под самиот врв Мал Кораб, во Македонија. Езерото Мал Кораб или Малокорапското Езеро се наоѓа под врвот Мал Кораб, во изворишниот дел на Длабока Река, на надморска височина од 2,310 метри[1]. Површината на езерото изнесува 1,374 м2 , а неговата максимална длабочина околу 35 см[1]. Поточно, тоа се наоѓа непосредно на пространото зарамнето источното подножје под врвовите Мал Кораб и Малкорапска Стена, однсно сместено е во пределот помеѓу месностите Езеро и Бруштла, на североисток од врвот Мал Кораб, непосредно на југозапад од високопланинскиот превој Мала Корапска Врата и високо на запад над долината на Длабока Река. Езерото се храни со вода од врнежите и топење на снежниците и нема истека на вода од своето кориот. Именувањето на езерото како Малокорапско е според неговата местоположба во непосредната близина на врвот Мал Кораб, а не поради одликите на големината, според што тоа е поголемо од блиското Големокорапско Езеро.
Remove ads
Галерија
- Глетка од Малокорапското Езеро со врвовите Мал Кораб и Малокорапска Стена во позадината
- Глетка од Малокорапско Езеро со врвовите Кабаш и Рибничка Скала во позадината
- Поглед на Малокорапското езеро со врвот Мал Кораб во позадината
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads