Длабока Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Длабока Река
Remove ads

Длабока Река (албански: Proi i Fel) — река во западна Македонија, лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика[3]. Буковите шуми во нејзиното течение се прогласени за светско наследство на УНЕСКО[4]. Извира под високите врвови на Кораб, образувајќи стрмна долина која претставува единственото место со алпска клима во Македонија[5].

Кратки факти Длабока Река, Место ...

На неа се наоѓа познатиот Корапски Водопад, највисокиот водопад во Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.

Реката тече покрај напуштеното село Жужње, па во клисурата под селата Нистрово и Бибање и потоа се влева во Рибничка Река.

Remove ads

Светско наследство

На седницата на УНЕСКО во 2021 г. буковите шуми во долината на Длабока Река се прогласени за светско наследство поради нивната недопреност како дел од целината „Букови прашуми на Карпатите и други региони на Европа“. Предлагач на ова подрачје биле Министерството за животна средина и просторно планирање и Националниот парк Маврово.[4]

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads