Малоречки манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Малоречки манастир — манастир во тетовското село Мала Речица.[1]
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа во подножјето на Шар Планина, над последните куќи во селото Мала Речица, во непосредна близина на градот Тетово.[2]
Историја
Во 1920 година биле вршени ископувања и биле пронајдени темелите на старата манастирска црква,[3] која според црковните книги се споменува уште во 13 век, додека фрескоживописите потекнуваат од 14 век. За време на турското владеење, црквата била во два наврати уништувана.[2]
Во 1936 година врз темелите на старата црква била возобновена денешната црква, од ктиторот Ѓоце Митрушевски, трговец од Тетово. По смртта на ктиторот, за манастирот и неговото одржување, се грижел неговиот син Круме, заедно со многу родољубиви и чесни христијани. Црквата по Втората светска војна била во лоша состојба.[3]
Во 1965 година биле изградени конаците и придружните објекти.[2]
Во овој манастир престојувал и неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил. Грижата за манастирот во 1970 година ја презел Тодор Петрушевски, зет на покојниот Круме Митрушевски. Во 1971 година во манастирот заживува монашкиот живот и за старешина на манастирот е поставен јеромонахот Пантелејмон кој во овој манастир живеел и работел сè до својата смрт, односно до 1981 година.[2]
Настани од 2001
Со почетокот на конфликтот од 2001, во март 2001 година, црквата и манастирот биле оштетувани во неколку наврати.[2]
Во манастирската црква бил подметнат пожар спроти празникот „Св. Ѓорѓи“ на 8 декември 2001 година, а пред самиот пожар црквата и конаците биле ограбени и целосно демолирани. Конаците биле опожарени наредниот ден, но пожарот бил спречен со интервенција на пожарникарите, така што оштетувањата биле значително, но не и целосни. Била оштетена столаријата, а на дрвените делови на кровот имало локални оштетувања. Сепак, поради временските услови и неможноста за обнова, штетите биле поголеми. Била уништена целата опрема и инвентар. Пожарот ги уништил сите помошни простории, кујната, игуменската соба, како и летната кујна со визбата.[2]
Обнова
После пожарот на манастирскиот комплекс веднаш започнала иницијатива за возобновување на манастирот. Првите чекори се случиле во 2010 година, кога група од неколку локални Албанци започнале со иницијатива за изградба. Според месните жители, се смета дека повторната изградба на црквата ќе го разбиел „малерот“ - да се раѓаат деца со аномалии, за кој велат дека ги бие откако овој верски објект бил уништен.[4] По седумгодишна обнова, манастирската црква била осветена на 8 октомври 2017 година.[5]
Remove ads
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти.[2]
Црква „Св. Ѓорѓи“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи, по која е и наречен целиот манастир.
Галерија
- Sид со икони во дворот
- Трпезаријата
- Влезната порта
- Гроб во дворот
- Чешма во дворот
- Стар ѕид
- Македонскиот крст
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
