Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Зелениково

црква во селото Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Зелениково
Remove ads

Манастирот Свети Архангел Гаврилправославен христијански верски комплекс сочинет од 2 црковни храма посветени на Светиот Архангел Гаврил во селото Зелениково во околината на Скопје. Двете цркви се наоѓаат во густа дабова шума, веднаш над последните куќи од селото Зелениково недалеку од истоименото железничко стојалиште крај реката Вардар. До црквата води асфалтен пат. Поголемата црква е изградена во 1964-1965 година, додека помалата црква која се наоѓа на 30 метри подолу и е со камена фасада е изградена во 2003 година. Во 2008 година, била доградена стреата пред влезот на постарата црква. Над влезот над двете цркви постојат фрески-мозаици на патрониот светец, архангелот Гаврил. Веднаш до големата црква се наоѓа помошен обејкт каде што се наоѓаат просториите за свечените ручеци и просториите за спиење и ноќевање. Во црквите нема монаси, а големата црква е соборен храм за селото Зелениково. На црковната слава посветена на Светиот Архангел Гаврил, секоја година на 26 јули, црквата е многу посетена од луѓе и верници од Зелениково и околните села, како и од Скопје и Велес при што се дели ручек и се организира голем народен собор со веселба. Веднаш до новоизградената црква подолу постои извор на вода, кој меѓу народот е познат како „Самовилска вода“ и се смета дека е лековит. Овој извор денес е соѕидан и на него стои иконата на Света Недела. Внатрешноста на двете цркви е живописана со фрески во нов стил, кои се дар од верници од Зелениково и разни други места, како и иселеници. Поголемата црква е отворена секој ден до 12 часот, а помалата крај изворот е постојано отворена.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads