Манастир „Св. Архангели“ - Чука (Костурско)
манастир во Чука, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангели (грчки: Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας) — средновековен манастир во Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Манастирот се наоѓа во областа Нестрамкол, на врв на карпа кај напуштеното село Чука, на 1,5 км од с. Радигоже и на 21 км од градот Костур.

На крајот од XIII век манастирот е живописан со помош на царевите од династијата Палеолози.[2] Во 1684 г. селото Чука и овој манастир, заедно со селото Галишта и неговата црква „Св. Ѓорѓи“ му се дадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“ како негов имот.[3] Манастирот е разурнат во 1943 г. од италијанската окупаторска војска. За време на Граѓанската војна (1946 – 1949) жителите на Чука се иселиле и селото останало запустено.
Од манастира денес се зачувани три градби — манастирската црква, црквата „Живоносен Извор“ и манастирската трпезарија.
Во 1962 г. манастирот е прогласен за споменик на културата.[4]
Remove ads
Литература
- Αλεξίου, Γεώργιος. Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας Καστοριάς, Καστοριά, 2007.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads