Црква „Св. Ѓорѓи“ - Галишта

црква во Галишта, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Галиштаmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — средновековна црква во селото Галишта, Костурско, Егејска Македонија.[1][2][3][4] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Кратки факти Свети Ѓорѓи, Место ...
Remove ads

Историја

Црквата била првобитно била главна црква на стар манастир. Изградена е во XI или XII век,[5] и поконкретно средината на XII век според првиот живописен слој.[4] Вторите живописи се од 1287 г., како што вели еден натпис.[4]

Во 1684 г. селото Галишта заедно со црквата „Св. Ѓорѓи“ и селото Чука со манастирот „Св. Архангели“ му се дадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“ како негов имот.[6]

Според Трпо Поповски и Златко Каратанасов, во 1872 г. при случајно кутнување на еден ѕид во црквата откриена е ризница на старословенски ракописи на пергамент, но истите се изгорени од костурскиот митрополит Никифор.[7][8][9]

Во 1924 г. храмот е прогласен за споменик на кулурата.[10]

Црквата е реставрирана во 1950 г. и повторно во 1989 г.[11][12][13]

Remove ads

Архитектура

Првичната црква била крстокуполна со нартекс, а подоцна ѝ е придодаден втор напречен кораб, вклучувајќи ги во себе дотогаш одделната камбанарија и галеријата со параклиси од северната и јужната страна.[5] Градбата архитектонски наликува на „Пресв. Богородица Перивлептос“ во Охрид.[4]

Живопис

Првичнот живописен слој е запазен само во фрагменти, откриени при реставрација. На западната страна на новиот кораб има добро зачувани фрески од 1287 г. Фрески од првиот период се зачувани, и ги има и во горниот кат на камбанаријата. Во северниот ѕид на храмот има уникатна икона на Свети Ѓорѓи од XIII или XIV век, каде тој е преставен полн раст во речиси висок релјеф и во висина од 2,6 метри.[4]

Литература

  • Α. Πέτκος,-Μ. Παρχαρίδου, Ανάγλυφη εικόνα του Αγίου Δημητρίου από την Ομορφοκκλησιά Καστοριάς, Μακεδονικά, τ. ΛΒ΄, Θεσσαλονίκη 2001 Резюме[мртва врска]
  • Мавродинов, Никола. Проучвания върху старобългарското изкуство (отпечатък от Годишник на народния музей, кн.VI /1932-1934/)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads