Манастир „Св. Преображение“ - Дреново (Населичко)
манастир кај Дреново, Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свето Преображение (грчки: Ιερά Μονή Μεταμόρφωσης του Σωτήρος) — машки манастир кај селото Дреново, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Манастирот е сместен на видно место со широк поглед на врвот на планината Садово. Се наоѓа на 3 км северозападно од Дреново. Црквата е крстовиден храм со купола, на кој подоцна му е доградена припрата. Според ктиторскиот натпис, манастирот е основан во 1592 г. Од оваа првична фаза преостануваат манастирската црква, како и северното и источното крило на манастирот. Останатите градби изгореле во пожар за време на окупацијата во 1943 г. Сегашните конаци се изградени во 1990-тите.[1]

Иконографската програма на црквата се одликува со богатство на теми, од кои преовладува онаа на Богородица. Живописот се дело на уметникот Никола од Линотопи и датират од 1652 г. Се одликуваат со висок квалитет, симетрична и подредена распореденост и внимателен избор на бои. Се забележуваат заемки од западната уметност. Ктитори биле јеромонахот Паисиј, брат му Неофит и Георгиј, син на Караманис.[1]
Од 1808 г. датираат фреските во припратата, изградена во 1805 г.,[4] изработени од зографаот Аргир Кримински од Кримин и со средства на јеромонасите Христофор и Георги од Богатско.[1][5]
На 20 март 1980 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[6]
Remove ads
Живопис
- Светци
- Свети Стефан
- Страшниот суд
- Богородица Поширока од небесата
- Светци
- Свети Кирил
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads