Линотопи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Линотопи
Remove ads

Линотопи или Линотоп (грчки: Λινοτόπι, Линотопи; влашки: Linotopea или Linotopi; албански: Linatopi) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Линотопи Λινοτόπι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Нестрамкол, западно од Нестрам и 40 км југозападно од Костур. Лежело високо во северните пазуви на планината Грамошта во долината на Линотопска Река, притока на Бистрица.

Историја

Во Отоманското Царство

Thumb
Фреска на Св. Димитрија од црквата „Св. Димитриј“ во Палатица, дело на зографот Никола од Линотопи
Thumb
Превод на „Робинзон Крусо“, Виена, 1792 г., од „Константин Бели од Линотопи, Македонија“

Во османлиски дефтер од XIV век во Линитова по име се заведени 72 глави на семејствата.[1] Селото е споменато во Слепченскиот поменик од XVI век како Ленотωп. Во периодот меѓу XVI - XVIII век во Линотопи се развила голема уметничка школа.[2] Првото спомнување на мајстор од Линотопи е во зографскиот натпис во црквата „Св. Димитриј“ во селото Палатица.[2] Според документите на манастирот „Варлаам“ во Метеора од 1613 - 1614 г., меѓу дарителите се јавуваат осум имиња од Линотопи.[2] Во 1619 - 1620 г. селото влегло во состав на Рупишката каза.[2] Зографот Јон се спомнува во натписот на црквата „Св. Атанасиј“ во Рилево од 1627 г. Дарители од Линотопи се забележани во Забрдскиот кодик од 1692 година.[2] Во првата половина на XIX век во селото било отворено грчко училиште, каде предавал учител по името Јосиф во 1724 г.[2]

Во 1769 г. арнаутските банди го уништиле селото, заедно со соседните Грамошта, Ветерник, Пискохор, Лагор, Омотско и Загар.[3] Уништени се и соседните села Шипска и Николица. Жителите се иселиле во селата Влашка Блаца, Селица, Пепелишта, Нестрам, Клисура, Самарина, Трново и Кионат, како и во Битола, Охрид, Крушево, Магарево и Нижеполе.[2][3] Споменот за уништувањето на Линотопи и Николица е зачуван во влашките народни песни.[2]

Thumb
Икона на Богородица Патеводителка од 1789 г. од Кушничкиот Манастир, дело на златарот Георги Писка од Линотопи.

Во 1812 година, по албанските прогони, во Крушево пристигнал нов бран бегалци од Линотопи.[2] Во уништеното село се населиле Албанци. Според Јон Нинеческу во 1895 г. селото било населено со 350 Власи и неколку семејства на албански муслимани.[2]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во 1886 г. Линотопи било населено со муслимани.[2] Според сознанијата на Густав Вајганд од 1889 г. селата Николица и Линотопи биле населени со неколку семејства на албански овчари.[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Линотопи имало 250 жители Албанци христијани.[4]

За време на Илинденското востание во почетокот на септември 1903 г. Линотопи било изгорено од големата чета на Васил Чакаларов.[5]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според албански извори, Албанците го напуштиле селото поради зулумите на грчките банди.[6] Во 1913 г. селото било целосно напуштено.[2]

Во „Етнографија на Македонија“ издадена во 1924 година, германскиот истражувач Густав Вајганд го запишал селото како албанско на јазичната граница.[7]

Во 1928 г. Панделис Цамисис напишал дека од селото имало остатоци од 200 куќи и три цркви. Според него, жителите на Загар водат потекло од Линотопи.[2]

Remove ads

Личности

Родени во Линотопи

  • Димитар, син на Никола — зограф од XVII век, мајстор на фреските во црквата „Св. Атанасиј“ во поградечкото село Ланга од 1685 - 1699 г.[8]
  • Георги — зограф од XVII век, мајстор на фреските во манастирската црква „Успение на пресв. Богородица“ во коничкото село Жерма од 1656 г.[9]
  • Михаил и син му Константин — зографи од XVI - XVII век[10]
  • Јон Зограф — зограф од XVII век
  • Теолог Зограф — зограф од XVII век[11]

По потекло од Линотопи

Поврзано

  • Линтопска школа — позната школа во духовната уметност
  • Нестрамкол

Литература

  • Λιάκος, Σωκράτης Ν., "Λινοτόπι", Περιοδικό Μακεδονική Ζωή, τ.69, февруари 1972 година.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads