Дреново (Населичко)
село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дреново (грчки: Δρυόβουνο, Дриовуно; до 1927 г. Δρυάνοβο, Дрјаново[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 211 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото е смесетено на левиот брег на реката Бистрица, во западното подножије на планината Сињак. Лежии југоисточно од, Костур северозападно од Сачишта и околу 12 км североисточно од Лапчишта.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
На крајот на XIX век Дреново било село во Населичката каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дреново било село во Костурската каза со 240 Македонци и 100 Грци.[4][5]
Во селото силно работела грчката пропаганда и успеала да го погрчки македонското население. На почетокот на XX век Дреново потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново живееле 155 „Грци“ под патријаршијата.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Дреново е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 666 жители.[3] На пописот 1920 г. населението се намалило на 546 лица. Во 1927 г. селото е преименувано во Дриовунон. Во 1928 г. населението се накачило на 650 жители кои во 1940 г. достигнале 740 лица.[3] Во 1960-тите населението почнало да се намалува. Најголем пад доживеало во 2000-те, кога нагло се преполовило во рок од десет години.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото произведува жито, тутун и компири, а застапено е и сточарството.[3]
Знаменитости
- Црква „Св. Мина“ од 1509 г.
- Манастир „Св. Преображение“ од 1592 г.
- Манастир „Рождество на пресв. Богородица“ од средниот век, но наполно распаднат и преизграден во 1969 г.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads