Маргарита (месечина)
месечина на Уран From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маргарита е единствениот познат програден неправилен сателит од природните сателити на Уран. Откриен е од Скот Шепард во 2003 година и му била доделена привремената ознака S/2003 U 3.[6]
Потврден како Уран XXIII, името го добил по слугинката на Херо во драмата од Вилијам Шекспир „Многу врева за ништо“.[1]
Remove ads
Орбита


Маргарита се издвојува како единствен неправилен сателит на Уран со напредно движење. На дијаграмот можат да се видат орбиталните параметри на Маргарита, кои се уникатни меѓу неправилните сателити на Уран; наклонот на вертикалната оска и орбиталното занесување се претставени со деловите кои се протегаат од перицентарот до апоцентарот.
Наклонот на Маргарита од 57° е блиску до границата на стабилност. Ниту една позната месечина нема среден наклон во опсегот од 60 < i < 140 поради нестабилноста на Козај. [7] Во овој опсег на нестабилност, сончевите растројувања во апсидата ги приморува на месечините да се здобијат со голема ексцентричност и како последица на тоа се јавуваат судири или исфрлање од системот во текот на 10 милиони до милијарда години. Периодот на прецесија на периапсисот на Маргарита (Pw) трае речиси 1,6 милиони години. Во некоја далечна иднина и Маргарита може да биде исфрлена од планетарниот систем на Уран.[8]
Орбитата на Маргарита е подложна на сончеви и планетарни растројувања; и оттука нејзините орбитални елементи се менуваат на релативно краток рок. Во рок од 8.000 години, просечното орбитално занесување на Маргарита е 0,68. Во 2010 година, нејзиното занесување се зголемило до 0.81,[9] што привремено ја направило Маргарита месечина со најзанесена орбита од сите познати месечини во Сончевиот Систем, иако просечното занесување на Нереида од 0,75 е поголемо.
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads