Нереида (месечина)

месечина на Нептун From Wikipedia, the free encyclopedia

Нереида (месечина)
Remove ads

Нереида (или Нептун II) — трета по големина месечина на Нептун, која има најзанесена орбита од сите месечини во Сончевиот Систем.[6] Откриена е од холандскиот астроном Џерард Кајпер во 1949 г. како втора позната месечина на планетата.

Кратки факти Откривање, Откривач ...
Remove ads

Откривање и именување

Месечината е откриена на 1 мај 1949 г. од Кајпер според фотографиите направени во опсерваторијата „Мекдоналд“. Самиот Кајпер го предложил нејзиното име, нареувајќи ја по Нереидите — морските нифми од старогрчката митологија, дворјанки на богот Нептун.[1] Ова е последната Нептунова месечина откриена пред пуштањето на „Војаџер 2“ многу подоцна (не сметајќи го заблеженото прикривање на Лариса во 1981 г.).[7]

Remove ads

Физички особености

Нереида е трета по големина меѓу Нептуновите месечини, со пречник од околу 180 км,[4] што ја прави невообичаено голема за неправилна месечина.[8] Обликот ѝ е непознат.[9]

Почнувајќи од 1987 г. забележани се големи (за ~1 величина) колебања во сјајноста, што трае со години или месеци, но понекогаш само по неколку дена. Појавата ја забележуваат едни, но не и други, што значи дека знае да биде прилично безредна. Досега никој нема добро образложание за колебањата, но, ако се вистински, тогаш веројатно се поврзани со вртењето на телото. Вртењето на Нереида омже да биде во состојба на прецесија или безредие (како Хиперион), што се должи на високоелиптичната орбита.

Во 2016 г. се извршени опширни набљудувања со вселенскито телекоп „Кеплер“, каде се забележани само малозамавни разлики (0,033 величини). Топлинското моделирање врз основа на инфрацрвените набљудувања од вселенските телескопи „Спицер“ и „Хершел“ укажуваат на тоа дека Нереида е само умерено издолжена, со сооднос на страните од 1,3:1, што ја отфрла наметнатата прецеција на вртењето.[4] Моделот упатува и дека телото има многу нерамна површина, слична на Сатурновата месечина Хиперион.[4]

Спектрално, Нереида има неутрална боја[10] и на нејзината површина е забележан воден мраз.[11] Има преоден спектар, некаде помеѓу Урановите месечини Титанија и Умбриел, што значи дека површината ѝ е сочинета воден мраз помешан со некаков спектрално неутрален материјал.[11] Спектарот е значајно различен од малите планети во надворешниот Сончев Систем, кентаурите Фол, Хирон и Харикло, што упатува на заклучокот дека Нереида се образувала околу Нептун, а не подоцна зафатено тело.[11]

Халимеда, which displays a similar gray neutral colour, may be a fragment of Nereid that was broken off during a collision.[10]

Remove ads

Орбита и вртење

Нереида кружи околу Нептун во напредна насока на просечно растојание од 5.513.400 км, но поради големата занесеност од 0,7507 растојанието може да биде од 1.372.000, па сè до 9.655.000 км.[3][12]

Thumb
Високозанесената орбита на Нереида околу Нептун.

Судејќи по необичната орбита, може да се заклучи дека се работи за зафатен астероид или тело од Кајперовиот Појас, или пак дека телото некогаш било внатрешна месечина кое претрпело растројување при зафатот на најголемата Нептунова месечина, Тритон.[11] Доколку тоа е исправно, таа може да е единствената преостаната месечина од првичните правилни месечини на планетата.[13]

Во 1991 г. е утврдено дека вртежниот период изнесува 13,6 часа со анализа на светлинската крива.[14] Во 2016 г. е пронајден јасен вртежен период од 11,594 ± 0,017 часа, овојпат според набљудувањата со вселенскиот телескоп „Кеплер“.[4]

Истражување

Единственото летало кое ја посетило Нереида е „Војаџер 2“, минувајќи на растојание од 4.700.000 км[15] од 20 април и 19 август 1989 г.[16] Леталото направило 83 слики, со точност од 70 до 800 км.[16] Пред ова, телото било набљудувано само од Земјата, што овозможувало да се одредат само нејзината суштинска сјајност и орбитални елементи.[17] Иако направените слики немаат доволна острина за да ја доловат површината на месечината, потфатот успешно го овозможил утврдувањето на нејзината големина, сивата боја и фактот дека нејзиното албедо е поголемо од Нептуновото и она на другите мали месечини.[7]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads