Марица (Сланица)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Марица (грчки: Μαρίτσα) — мошне мала река во Негушко, Егејска Македонија.[1]

Кратки факти Марица Μαρίτσα, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Во минатото Марица извирала од планината Каракамен, течала на исток и се е влевала во Ениџевардарското Езеро меѓу реките Мегленица и Кутијка (Кутија). Во 1930-те години езерото е пресушено и на подрачјето се извршени голем број мелиоративни работи со кои е прекинат природниот тек на реките. Денес Марица излегува на две места од напојниот канал Мавронери јужно од Горно Жервохор, тече на исток низ Жервохор и се влева во следниот напоен канал, притока на Колудеј.

Remove ads

Екологија и видови

Општината Негуш ја прогласила реката за заштитено влажно станиште наречено „Марица“. Во 2011 г. со координирани дејства на општинската власт и со голем придонес од месни доброволци, по реката е извршен голем зафат за расчистување и заседени се дрвја. Во поречието има преку 200 украсни дрва, како разни видови чинари, дабови, сребрени липи, бели дудови, црни дудови, јавори, елки, килибаровци и лалеви дрва.[1]

По бреговите на Марица живеат 33 животински видови. Тие вклучуваат разни видови риби како ципалот, црвената и црната црвеноперка, редок вид златни рипки, крапот, кострешот и ретката црна мрена. Застапени се и крабите, речната желка, жабите, нутриите, видрите, школки, големите црни ракови, дивата патка, црвеноклуната блатна кокошка и големиот корморан. Преку зимата во стаништето живеат преселни птици како пеликани, диви гуски и лебеди.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads